10 причини за 8 прегратки на ден
Една прегратка не чини ни денар, а многу значи. Значи за вас и за оној кој ја дели прегратката со вас, без разлика дали тоа е вашата мајка, татко, дете, брат, сестра, пријател или љубовниот партнер.
Научниците тврдат дека оптималната доза е 8 прегратки на ден. Еве 10 добри причини зошто е добро што почесто да се гушкате.
1. Топлата прегратка предизвикува доверба и чувство на сигурност. Ова помага во остварување на искрена и отворена комуникација.
2. Една прегратка е доволна за да се зголеми лачењето на хормонот окситоцин, кој е како лек за чувството на осаменост, изолираност и лутина.
3. Цврстата и долга прегратка го подигнува нивото на серотонин во организмот, што пак го подигнува нивото на среќа и добро расположение.
4. Прегратката го зајакнува имунитетот. Нежниот притисок на градниот кош и емоционалната исполнетост стимулираат производство на бели крвни зрнца кои се главни борци против секој вид болест.
5. Гушкањето ја подигнува самодовербата. Разменувањето на ваков вид нежност е посебно важен во раното детство, кога ни предизвикува да се чувствуваме посакувано, сакано и посебно за некого. За да ја задржиме самодовербата и понатаму во животот, треба редовно да се прегрнуваме со други и со тоа да го активираме овој бушон во нашиот нервен систем. Впрочем, понекогаш ни треба прегратка со друг за да сфатиме колку се сакаме себеси.
6. Со гушкањето се опуштаат мускулите и се ослободува целата тензија која е насобрана во телото. Прегратките дури и ја ублажуваат болката.
7. Гушкањето нè смирува. Преку кожата се пренесуваат електрични импулси кои му влијаат на нервниот систем да се врати во состојба на совршена балансираност.
8. Прегратките нè учат како да примаме и да даваме. Подеднакво е важно да се прима нечија топлина како и да го правиме тоа за некој друг. Прегрнувањето нè потсетува дека љубовта е двонасочна улица.
9. Прегратката може да замени насмевка или медитација. Нè учи да бидеме овде и сега и нè охрабрува да се препуштиме на својата животна енергија. Ни помага да оствариме врска со нашите чувства и срце, а после само една прегратка, почнуваме поприродно да дишеме.
10. Енергијата која протекува помеѓу две прегрнати лица е најдобра инвестиција во нивниот меѓусебен однос. Формулата е многу едноставна: 1+1=3.