10 прашања кои никако не смеете да им ги поставите на луѓето со тетоважи

10 прашања кои никако не смеете да им ги поставите на луѓето со тетоважи

И покрај тоа што многу луѓе денес имаат барем една тетоважа, сепак постојат одредени стереотипи кои кружат наоколу за оваа уметност. Доколку имате тетоважи сигурно со задоволство разговарате на таа тема, но веројатно постојат и прашања кои веќе ви здосадило да ги слушате. Во продолжение прочитајте кои се 10-те прашања кои не треба да им ги поставувате на луѓето со тетоважи…

10 прашања кои никако не смеете да им ги поставите на луѓето со тетоважи

1. „Болеше?“

Некој ве боцка со игла одново и одново неколку часа без престан. Што мислите, какво е чувството? Можеби не чувствуваат сите ист степен на болка, но секако дека не е баш најпријатно.

2. „Нема да се покаеш еден ден што си се тетовирал/а?“

Ако се покаете тоа е ваша работа и нема потреба да го објаснувате тоа некому. Логично е дека штом сте се решиле да се тетовирате, постојат големи шанси дека нема да зажалите.

3. „Но, што ако раскинете/престанете да се дружите?“

Сте го истетовирале името на вашата сакана личност или некаков симбол што ве потсетува на неа. Сте си направиле идентични тетоважи со вашиот најдобар пријател. За што и да станува збор, сигурно некој ќе ве праша „А што ќе правиш ако се скарате?“. Тоа е исто како да ги прашате младоженецот и невестата „А што ако се разведете?“. Тешко е да се одлучи дали да се направи тетоважа со нечие име. Секако дека ова не треба да биде избрзана одлука, бидејќи навистина големи се шансите дека ќе зажалите. Но, внимавајте кому го поставувате ова прашање, бидејќи штом некој се решил на ваков чекор, тоа значи дека тој планира да остане со таа личност до крајот на животот.

10 прашања кои никако не смеете да им ги поставите на луѓето со тетоважи

4. „Што мислат момците/девојките кога ќе ти ја видат тетоважата?“

Доколку некој од вашите потенцијални партнери не ги одобрува тетоважите и смета дека тие се за затвореници и проститутки, веднаш продолжете понатаму. Нивното мислење нема да се смени, а вам не ви треба човек полн со стереотипи и предрасуди.

5. „Нема никакво значење твојата тетоважа?“

Тетовираните луѓе обожаваат да разговараат за значењето на нивните тетоважи, но немојте да се чудите доколку некој се истетовирал само затоа што така сакал. Понекогаш тетоважите немаат никакво значење, туку луѓето ги ставаат затоа што многу им се допаднал дизајнот и тоа е доволно.

6. „Колку чинеше?“

Ова е сосема разумно прашање доколку сакате да си направите слчна тетоважа, но ако прашувате за да осудите некого поради парите што ги потрошил на тетовирање, немојте ни да помислувате да ја започнувате темава. Луѓето трошат многу пари за работи кои според некого се глупави, почнувајќи од скапи фустани кои ќе ги облечете еднаш, па сѐ до скап алкохол кој има ист вкус како и поевтиниот. Трошењето пари е индивидуална одлука и тука не треба да се мешате.

7. „Дали одиш на љубовни состаноци со луѓе без тетоважи?“

Некои сметаат дека тетоважите се многу привлечни и секси, но тоа не значи дека тие нема да излегуваат со луѓе без тетоважи. Ако претпочитате момци со руса коса, дали би одбиле некој згоден маж само затоа што има црна коса? Секако дека не!

10 прашања кои никако не смеете да им ги поставите на луѓето со тетоважи

8. „Како ќе најдеш работа?“

Повеќето луѓе добро размислиле каде да стават тетоважа и дали таа ќе влијае на нивната кариера. Не треба вие да се грижите за тоа, бидејќи тие знаат како да ја покријат или пак ќе одберат работно место каде што тетоважите не играат никаква улога.

9. „Не се плашиш дали луѓето мислат дека тетоважата ти изгледа ’евтино’“?

Стереотипи на сите страни! Кога предрасудите биле точни и важеле за сите? Никогаш! Не грижете се за туѓото мислење, бидејќи како што споменавме претходно, луѓето кои не ги прифаќаат вашите тетоважи не вреди да ги задржите во животот.

10. „Навистина имаш тетоважа? Може да ја видам?“

Понекогаш тетовираните луѓе едноставно не сакаат да се соблекуваат за да ги покажуваат тетоважите. Секако дека има моменти кои тие со задоволство би ви го покажале тетовираниот задник, но не се секогаш расположени за тоа. Ако одбрале да се тетовираат на место кое најчесто е покриено со облека, тоа значи дека тие сакаат да ја откриваат тетоважата само во интимни моменти.

Тоа беа прашањата кои тетовираните луѓе ги мразат, но постои едно кое навистина го обожаваат:

11. „Каква ќе биде твојата наредна тетоважа?“

Единственото нешто што тетовираните луѓе го сакаат повеќе од тетоважите што веќе ги имаат, се оние кои допрва ќе ги направат. Тие со задоволство ќе ви раскажат за нивните планови и до детали ќе ви ги објаснат идните тетоважи.

Тетовирањето е забавно и доколку отсекогаш сте сакале да си направите тетоважа, сторете го тоа и не грижете се за туѓото мислење. Ваше тело, ваша одлука.

Доколку постои личност со која сакате да го овековечите пријателството, заборавете на стереотипите и погледнете ги овие одлични заеднички тетоважи за најдобрите пријатели.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар