10 прашања кои можат да ви помогнат да откриете дали имате проблем со алкохолот

10 прашања кои можат да ви помогнат да откриете дали имате проблем со алкохолот

Станува збор за краток психолошки тест кој може да ви помогне да откриете дали ви се појавува проблем со консумирањето алкохол, како и кои се вашите чувства на оваа тема. Станува збор за тест кој докажано точно го мери ризикот за алкохолизам кај луѓе од различна возраст, пол и култури. Одговарајте искрено на прашањата и собирајте ги бодовите пред секое соодветно тврдење…

10 прашања кои можат да ви помогнат да откриете дали имате проблем со алкохолот

1. Колку често пиете пијалак кој содржи алкохол?

(0) Никогаш

(1) Еднаш месечно или помалку

(2) 2 до 4 пати месечно

(3) 2 до 3 пати неделно

(4) Повеќе од 4 пати неделно

2. Колку чаши пиете оние денови кога консумирате алкохол?

(0) 1 до 2

(1) 3 до 4

(2) 5 до 6

(3) 7, 8 или 9

(4) 10 или повеќе

3. Колку често пиете 6 или повеќе чаши алкохол во текот на еден ден или вечер?

(0) Никогаш

(1) На неколку месеци

(2) Месечно

(3) Неделно

(4) Скоро секојдневно

*Доколку имате 0 поени на 2-то и 3-то прашање, преминете веднаш на 9-то и 10-то.

4. Колку често во текот на оваа година сте забележале дека не сте способни да престанете да пиете откако ќе почнете?

(0) Никогаш

(1) На неколку месеци

(2) Месечно

(3) Неделно

(4) Скоро секојдневно

5. Колку често во текот на оваа година не сте успеале да направите нешто што се очекувало од вас поради алкохолот?

(0) Никогаш

(1) На неколку месеци

(2) Месечно

(3) Неделно

(4) Скоро секојдневно

6. Колку често во текот на оваа година ви бил потребен алкохолен пијалак наутро со цел да се смирите по силното пиење претходната вечер?

(0) Никогаш

(1) На неколку месеци

(2) Месечно

(3) Неделно

(4) Скоро секојдневно

7. Колку често во текот на оваа година сте имале чувство на вина или каење по пиењето?

(0) Никогаш

(1) На неколку месеци

(2) Месечно

(3) Неделно

(4) Скоро секојдневно

8. Колку често во текот на оваа година не сте биле во можност да се сетите што се случило претходната вечер поради пиењето?

(0) Никогаш

(1) На неколку месеци

(2) Месечно

(3) Неделно

(4) Скоро секојдневно

9. Дали како резултат на вашето пиење, сте се повредиле самите или некој друг?

(0) Не

(2) Да, но не оваа година

(4) Да, во текот на оваа година

10. Дали имате роднина, пријател или доктор кој е загрижен за вашето пиење и ви предложува да намалите малку?

(0) Не

(2) Да, но не оваа година

(4) Да, во текот на оваа година

  • Резултати:

    Оние кои постигнале 8-15 поени, треба да малку да внимаваат со цел да не развијат проблеми со алкохолот. Во клиничка околина едноставната интервенција која овозможува совети за намалување на пиењето би била сосема доволна за да помогне.

    Оние кои постигнале 16-19 поени, треба многу да внимаваат со цел да не развијат проблеми со алкохолот. Тие би имале огромна корист од советување и постојан надзор.

    Оние кои постигнале над 20 поени не смеат да одложуваат ниту еден ден повеќе за комплетна дијагностичка проценка од специјалист кој потоа може да препорача третман за можна зависност од алкохол.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар