10 познати стереотипи за Кина кои се далеку од вистината

10 познати стереотипи за Кина кои се далеку од вистината

Патникот и Кунг фу учител, Марија Пипенко, направила обид да ги отстрани сите оние клишеа кои им доаѓаат на ум на луѓето кога ќе се спомене Кина. За да ги оттргнете сите оние лоши сфаќања кои ги имате за оваа земја и нејзините жители, во продолжение погледнете кои стереотипи се прекршуваат.

10 познати стереотипи за Кина кои се далеку од вистината

1. Кинезите немаат манири. Но, тоа е само мислење на одредени луѓе. Еден добро воспитан жител на Кина има сет манири кој честопати им недостасува на луѓето од западот. Дувањето на носот во марамче или дозволувањето на пријателот да ја плати вечерата се груби однесувања, но учтива личност од Кина никогаш нема да ве посрамоти. Тие секогаш ги ставаат другите во прв план.

2. Суровите Кинези јадат мачки и кучиња. Но, јадењето крави или свињи не е ништо подобро. Понекогаш се јадат кучиња во Кина, но бројот на луѓето кои го прават тоа е многу мал.

3. Не можете да разликувате една кинеска личност од друга. Секако дека можете! Малезиските и сингапурските Кинези се различни, а исто така и западните и јужните. Треба подобро да ја запознаете околината и ќе почнете да правите разлика.

4. Кинезите се ниски. Висината на Кинезите била поврзана со нивниот начин на исхрана, но во последните 20 години нивната благосостојба е подобрена, па и тие се извишуваат.

5. Кинеските производи се со лош квалитет. Се разбира, многу од евтините кинески производи се глупави, но доколку погледнете на етикетата на речиси секоја позната марка, ќе забележите дека на нив стои ознака „Произведено во Кина“. Квалитетот е дефиниран од страна на оној кој нарачува, а не од производителот.

10 познати стереотипи за Кина кои се далеку од вистината

6. Кина е евтина земја. Постои огромен јаз во цените помеѓу големите градови и провинциите. Можете да изнајмите голем стан за 200 евра во централна Кина, но би имале проблем при наоѓање на само еден мал стан за 500 евра во Шангај. Единственото навистина евтино нешто во Кина во споредба со Западот, е јадењето некаде надвор.

7. Кинезите јадат само ориз. Вистината е дека кинеската кујна е една од најразновидните во светот, почнувајќи од зеленчукот, па до видовите зачини. Таа има многу опции и тоа во зависност од сезоната и регионот.

8. Постојат строги казни за злосторства со дрога. За разлика од другите точки на оваа листа, ова е вистина. Кина е строга во однос на дрогата и казните се движат од долги години во затвор до смртна казна. Сепак, тоа не е каприц, туку неопходност. На крајот од 20-тиот век, околу една третина од населението во Кина биле зависници од опиум, па не е изненадување тоа што кинеската влада направила сѐ за да спречи тоа повторно да се случи.

9. Сите луѓе во Кина одлично знаат Кунг фу. Кунг фу навистина е дел од кинеската култура: Не постои филм или телевизиска емисија без да бидат вклучени овој вид борби. Бројот на вештини таму е многу поголем отколку на Западот, но поголем дел од луѓето не стануваат професионалци, туку остануваат на основното ниво.

10. Едно семејство – едно дете. Правилото за само едно дете важи во големите градови. Всушност, од 1 јануари на Кинезите им е дозволено да имаат две деца.

10 познати стереотипи за Кина кои се далеку од вистината


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Економист во изградба, а страстен обожавател на пишаниот збор уште откако знае за себе. Смета дека животот без домашно милениче не изгледа комплетен, а кафето со многу шеќер го смета за едно најубавите утрински задоволства.

Поврзани содржини

Остави коментар