10 познати личности кои ја изгубиле својата невиност… со други познати личности
Веројатно (и дефинитивно) не е наша работа, но специфичностите на животниот стил на познатите, се доста фасцинантни за нас, обичните луѓе. Сепак, кој може да одолее на малку „душкање“ кога самата информација ни е токму пред носот… со помош на Гугл?
Губењето на невиноста и не е некој гламурозен чин, но да дознаете како славните ја изгубиле нивната е, и уште повеќе кога ќе дознаете со кого.
1. Мила Кунис и Меколи Калкин
Славната двојка започна да се забавува кога Мила Кунис имаше само 19 години. Заедно беа неверојатни 8 години, наводно делејќи заедничко место на живеење за половина од времетраењето на нивната врска и, како што сите би претпоставиле, делејќи го и креветот.
2. Мајли Сајрус и Лиам Хемсворт
Мајли и Лиам беа заедно скоро четири години, пред да ја откажат својата свршувачка во 2013-тата година. Голем број од бившите Дизни ѕвезди се срамат да споделуваат детали за своите лични животи, но Мајли отсекогаш била искрена и отворена за нејзината сексуалност.
3. Кристен Стујарт и Мајкл Ангарано
Пред Кристен да се прослави со „Самрак“ и пред да почне да се забавува со нејзиниот колега – Роберт Патинсон, таа беше во четиригодишна врска со Мајкл Ангарано. Парот се запозна кога Кристен имаше 14 години, а се разделија кога имаше 18… што е и оној период кога љубопитноста се буди и хормоните почнуваат да работат.
4. Ванеса Хаџенс и Зак Ефрон
Двојката се запозна на снимањето на „Средношколски мјузикл“ и не им требаше долго за да започнат врска која траеше 5 години. Хаџенс претходно не се забавувала со никој позначаен и, бидејќи потекнува од доста конзервативно семејство, нашироко се претпоставува дека ја изгубила својата невиност со нејзиното прво, сериозно и долгогодишно момче – Зак Ефрон.
5. Тејлор Свифт и Џејк Гиленхал
Џејк и Тејлор се забавуваа неколку месеци во 2010-тата. Оваа врска наводно не ја оставила Тејлор само со скршено срце, туку нивното раскинување довело и до појавувањето на нејзиниот нов албум „Red“ и хит синглот „Shake it Off“.
6. Кирстен Данст и Џејк Гиленхал
Џејк, ти мал расипнику! Не само што ѝ ја одзеде невиноста на Тејлор, туку и на Кирстен. Според изјавите, Кирстен, во едно интервју за нејзиниот филм „Лудо/Прекрасно“, откри дека на 19-годишна возраст, сѐ уште била девица. Набргу после тоа, таа започна двегодишна врска со Џејк и…
7. Бијонсе и Џеј-Зи
Иако сѐ уште не е докажано, сепак кога Бијонсе зборуваше за нејзините сексуални искуства, практично со својата изјава потврди дека Џеј-Зи е оној со кого ја изгубила својата невиност.
„Иако во мојата претходна врска бев премногу млада за да го наречам ‘момче’ – не сме живеле заедно, не сме, знаете… сепак, тоа беше моето единствено искуство со некого, и оттогаш сум имала само уште еден друг маж во мојот живот – Џеј.“
8. Селена Гомез и Џастин Бибер
Селена и Џастин беа од оние „дали се, или не се заедно“ двојки, многу долго време. Во 2014-тата, Бибер наводно се фалел дека ѝ ја одзел невиноста на Гомез, а Селена тоа никогаш не го негираше… всушност, таа тоа го потврди. Зборувајќи за својот ‘прстен на невиност’, кој го носеше кога се забавуваше со Ник Џонас, и го извади за Бибер, Селена рече:
„Не се срамам да го кажам тоа. Исто така и не се срамам да кажам дека го извадив прстенот. Го добив кога имав 13 години и многу го почитував неговото значење, но не е за секого.“
9. Бритни Спирс и Џастин Тимберлејк
Џастин е општо познат шармер, но сосем негалантно ги откри деталите за својот сексуален живот со г-ца Спирс во 2002-та година:
„Неодамна ја изгуби својата невиност – и јас би требало да го знам тоа.“
Не повеќе од една година од тој коментар, Бритни потврди во „W Magazine“:
„Во мојот живот досега сум спиела само со една личност. Мислев дека тој е вистинскиот. Но, не бев во право.“
10. Ким Кардашијан и Т. Џ. Џексон
Пред да дојде Кание, постоеше Реј Џ. Дејмон Томас, Реџи Буш, Крис Хамфрис и Т. Џ. Џексон – внукот на Мајкл Џексон и оној со кого Ким наводно ја изгубила својата невиност на 14 години.
„Кога сакав да имам секс за првпат, имав скоро 15 години… Бев сигурна и убедена дека ‘ќе го сторам тоа, или дека сакам да го направам тоа’. Крис (мајка ѝ) ми рече дека ќе ме стави на контрацептивни таблети. Беше многу отворена и искрена со мене.“
Дали некоја од овие двојки ве изненади?