10 познати автори кои биле ужасни личности во приватниот живот

10 познати автори кои биле ужасни личности во приватниот живот

Речиси секој од авторите на листава ќе ви биде познат од средно училиште. Професорите по македонски обично не зборуваат за мрачната страна на овие луѓе, но нивните животи биле полни во валкани тајни. Навистина ќе се изненадите кога ќе дознаете дека можеби и некои од вашите омилени автори биле ужасни личности.

1. Џорџ Орвел ги издал своите пријатели на Тајната служба

10 познати автори кои биле ужасни личности во приватниот живот

Човекот кој нè предупреди за ужасната иднина во која шпионите и полицијата ги затвораа луѓето поради опасни мисли не бил голем љубител на слободата. Во реалниот живот тој повеќе бил дел од Големиот брат наместо да биде против него.

Орвел имал тајна листа со луѓе кои ги запознавал и кои мислел дека се тајни симпатизери на комунизмот. Секој кој му изгледал дека му е поволна идејата за социјална заштита се наоѓал на неговата црна листа. Кога имал доволно имиња, ги испраќал на Британската тајна служба со порака која гласела: ‘Никогаш не им верувајте на овие луѓе.’ Не неговата листа се нашле имиња како Орсон Велс, Кетрин Хепбурн, Чарли Чаплин и многу други. Излегло дека Орвел можеби не го сакал комунизмот, но не бил многу далеку од „полицијата за мисли“.

2. Вилијам Голдинг се обидел да силува 14-годишно девојче

10 познати автори кои биле ужасни личности во приватниот живот

Имало причина зошто авторот на „Господар на мувите“ (Lord of the Flies) бил добро запознаен со црнилото на срцата на машките деца. И неговото срце било црно. Пред да умре, Вилијам почнал да пишува мемоари кои биле можеби премногу искрени. Во нив тој отворено признал обид за силување.

Кога имал 18 години, Вилијам бил опседнат со 14-годишно девојче по име Дора. Еднаш ја намамил во некое поле и се обидел да ја силува. Малата Дора почнала да го удира и успеала да избега. Она што е уште поморничаво е што додека ги пишувал мемоарите, Вилијам не чувствувал грижа на совест. Тој признал дека таа била дете, но напишал дека била атрактивна и дека сакала секс.

3. Дејвид Фостер Волас бил насилен демнач

10 познати автори кои биле ужасни личности во приватниот живот

Авторот на „Бесконечна шега“ (Infinite Jest) не бил најдоброто момче на светот. Можеби знаел да напише добра книга, но во реалниот живот им правел ужасни работи на жените. Мери Кар ја запознала неговата најлоша страна. Дејвид бил опседнат со неа во 1990-тите. Се вљубил во неа уште кога прв пат ја сретнал. Кога таа љубов доаѓа од човек како Дејвид, сигурно ќе настанат проблеми.

Мери била во брак и имала деца, но Дејвид сепак се обидувал да ја заведе. Кога таа не го напуштила сопругот за него, тој полудел. На почетокот им кажувал на сите дека се пар, иако тоа било лага. Потоа го истетовирал нејзиното име на неговите гради и му ја покажал тетоважата на сопругот на Мери. Кога ништо од тоа не успеало, почнал да ја нарекува со погрдни зборови, па дури и го скршил прозорецот на нејзиниот автомобил. Во еден момент се обидел да најми и платен убиец за нејзиниот сопруг.

Иако ова е однесување на луд човек, и самата Мери веројатно имала проблеми. Наместо да го пријави, таа почнала да има афера со лудиот човек кој ја демнел. Но кога биле заедно, Дејвид бил насилен. Постојано ѝ викал и фрлал работи кон неа. Таа останала со него сè додека тој не скршил една маса и се обидел да ја фрли кон неа.

4. Мери Шели ја изгубила невиноста на гробот на нејзината мајка

10 познати автори кои биле ужасни личности во приватниот живот

Животната приказна на Мери е можеби поморничава и од „Франкенштајн“ (Frankenstein). Малкумина зборуваат за ова, но Мери била навистина чудна. На пример, таа го носела срцето на нејзиниот сопруг во тегла 30 години по неговата смрт. Но ова не е најчудното нешто.

Врската на Мери и Перси Шели започнала кога тие воделе љубов на гробот на нејзината мајка. Веројатно младата Шели не можела да одбере подобро место да ја изгуби нејзината невиност. Сепак, во нејзина одбрана, гробот на мајка ѝ бил место на многу случувања. На пример, татко ѝ ја научил да чита со помош на надгробната плоча на мајка ѝ. Па ако Шели била чудна, тоа било дел од нејзиното семејство.

5. Виктор Иго бил зависен од проститутки

10 познати автори кои биле ужасни личности во приватниот живот

Кога ќе помислите на авторот на „Клетници“ (Les Miserables) и „Ѕвонарот на Богородичната црква“ (The Hunchback of Note-Dame), сексот не е првото нешто што ви доаѓа на памет. Но луѓето кои го познавале лично, знаеле дека сексот бил целиот негов живот.

Сексуалниот апетит на Иго бил нешто како легенда. Постои верување дека на денот на неговата венчавка, тој и неговата сопруга го консумирале нивниот брак 9 пати во една вечер. Тогаш ја изгубил невиноста, но штом почнал, не можел да запре. Наскоро имал афери со секоја жена што му дозволувала. Наводно, омилени му биле проститутките и венчаните жени. Според неговата омилена љубовница, само во периодот од 1848 и 1850 година, Иго спиел со 200 различни жени.

Дури и староста не го забавила. Според неговиот дневник, кој бил полн со детали од неговите секс авантури, во последните 4 месеци од неговиот живот спиел со 8 разни жени. Тогаш имал 83 години. Толку бил познат помеѓу дамите на ноќта што кога умрел, јавните куќи во Париз затвориле за да можат да му оддадат почит на најпознатиот муштерија.

Продолжува на следната страница


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар