10 парови кои ги побиле сите стереотипи за врските

10 парови кои ги побиле сите стереотипи за врските

Совршената врска е кога двајца вистински се сакаат. Иако ова е можеби најважното нешто, многу луѓе се изненадени кога ќе видат пар со разна височина, тежина, националност и слично. Овие 10 парови се доказ дека не постојат стандарди кога станува збор за љубовта.

1. Семејството Фернандес де Силва

10 парови кои ги побиле сите стереотипи за врските

Џолисон Фернандес де Силва е највисокиот човек во Бразил и трет по висина во светот. Тој имал многу проблеми додека бил дете, па дури и неколку години воопшто не го напуштал неговиот дом. За среќа сето ова е во минатото. Во 2015-та година тој се венчал со Евем Медеирос која е 7 години помлада од него и многу пониска.

2. Антон Крафт и Чајна Бел

10 парови кои ги побиле сите стереотипи за врските

54-годишниот Антон од Данска е рекордер во дигање тегови. Тој е висок само 121 центиметар, но може да крене тегови 4 пати потешки од него. Но ова не е најинтересниот факт за неговиот живот. Веќе неколку години Чајна Бел од Флорида, која е родена како машко, му е девојка на Антон.

3. Дејвид Сикорски и неговото бурито

10 парови кои ги побиле сите стереотипи за врските

Еднаш еден писател од Сан Франциско го изгубил трпението. Тој не можел да ги гледа романтичните фотографии од неговите пријатели на социјалните мрежи. Некои од нив биле во брак, а други имале деца. Па, Дејвид одлучил да им покаже на сите што се случува во неговиот живот. Отишол во омилениот ресторан, купил едно бурито и направил романтична фотосесија.

4. Верн Тројер и Женевив Гален

10 парови кои ги побиле сите стереотипи за врските

Можеби го знаете Тројер како гоблинот во Гринготс од Хари Потер. И покрај неговата висина, тој отсекогаш бил популарен помеѓу атрактивните дами. Тројер имал долга врска со Женевив Гален со која се венчал во 2004-та година. Бракот бил растурен следниот ден, но сепак заслужуваат да се најдат на оваа листа.

5. Виктор Хуго и Габриела Пералта

10 парови кои ги побиле сите стереотипи за врските

Ова е најтетовираниот пар, а заедно имаат направено 77 модификации на телото. Имаат 50 пирсови, инпланти на забите, прстени, лузни и слично. Виктор и Габриела се во среќен брак повеќе од 15 години. Имаат и заедничко студио за тетовирање.

Продолжува на следната страница


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар