10 одлични одговори од познатите личности низ историјата
Ни генијалните личности од историјата не биле имуни на непријатели и подбивање, па со задоволство возвраќале на глупавите и злобни коментари. Винстон Черчил, Махатма Ганди, Елизабет Тејлор, Моцарт и многу други имале „отровен јазик“ кога некој ги провоцирал.
Ова се 10 одбрани одговори кои познатите личности од историјата ги кажале за да возвратат на провокаторските прашања и коментари.
1. Спартанските ефори со Филип Втори Македонски
Кралот Филип: „Ако победам во оваа војна, вие засекогаш ќе бидете робови.“
Спарта: „Ако.“
2. Дороти Паркер во разговор со пијаница
Пијаницата: „Не можам да поднесам будали.“
Дороти Паркер: „Очигледно твојата мајка можела.“
3. Стивен Хокинг со студент
Студентот: „Тврдите дека можеби постојат безброј паралелни универзуми. Значи ли тоа дека можеби постои паралелен универзум во кој јас сум попаметен од вас?“
Стивен Хокинг: „Да. Како и универзум во кој ти си духовит.“
4. Махатма Ганди со новинар
Новинарот: „Што мислите за западната цивилизација?“
Махатма Ганди: „Мислам дека цивилизација на Западот е добра идеја.“
5. Винстон Черчил во Шоуто на Џорџ Бернард
Џорџ Бернард: „Ви праќам две влезници за првата вечер на мојата нова претстава. Поведете пријател… ако гo имате.“
Винстон Черчил: „Никако не можам да стигнам првата вечер. Ќе дојдам на втората… ако ја има.“
6. Една Фербер со Ноел Кауард
Ноел Кауард: „Една, па ти изгледаш скоро како маж.“
Една Фербер: „Каква случајност, и ти исто.“
7. Гручо Маркс со натпреварувачка во ТВ шоу
Натпреварувачката: „Имам 10 деца.“
Гручо Маркс: „10? Зошто толку многу?“
Натпреварувачката: „Затоа што го сакам својот маж.“
Гручо Маркс: „И јас ги сакам цигарите, но сепак понекогаш ги вадам од уста.“
8. Еминем со новинарка
Новинарката: „Луѓето зборуваат дека Лил Вејн е пратен од Бога за да ги научи луѓето да рапуваат…“
Еминем: „Не се сеќавам да сум пратил некого.“
9. Елизабет Тејлор со новинар
Новинарот: „Кој главен машки лик ви бил најдобар партнер во филмовите?“
Елизабет: „Од тие кои ми се најдраги, би требало да споменам некои коњи и кучиња.“
10. Моцарт со обожавател
Обожавателот: „Господине Моцарт, размислувам да напишам симфонија. Можете ли да ми дадете некој предлог како да почнам?“
Моцарт: „Симфониите се сложена музичка форма, можеби би требало да почнете со нешто поедноставно и полека да стигнете до симфонија.“
Обожавателот: „Но господине Моцарт, вие сте пишувале симфонии уште на 8-годишна возраст!“
Моцарт: „Навистина, но јас никогаш никого не прашав како да го правам тоа.“