10 нивоа на љубомора низ кои поминуваат девојките во нова љубовна врска
Сомнежот е нормален сегмент од секоја врска, особено додека е на почеток и сè уште не се познавате добро. Никогаш не можете да бидете целосно сигурни, особено денес кога на верноста не се придава некое особено значење, а и малку љубомора може да влијае позитивно на врската и да служи како потврда дека партнерот сè уште се интересира за вас. Меѓутоа ако не се внимава, таа мала доза непотребна љубомора лесно може да прерасне во опсесија која дефинитивно ќе се одрази лошо на врската. Откријте до кое ниво стигнува вашата љубомора на следнава скала:
1. Прогонување на социјалните мрежи
Еднаш дневно го отворате неговиот Фејсбук профил. Ништо сериозно, само една од основните претпазливи мерки. Чисто онака колку да видите дали има некои сомнителни коментари со двосмислена содржина и со колку и какви девојки станал пријател. Ова е нешто што редовно се случува дури и целосно да му верувате на партнерот, така што одвај влегува во скалата за мерење љубомора.
2. Рационално грижење
Кога прв пат ќе забележите дека флертува со келнерката, немојте веднаш да донесувате заклучоци. Останете прибрани и добро набљудувајте ја ситуацијата. Пред да го преплавите со непотребни прашања, обидете се сами да процените дали е едноставно шармантен или навистина има задни намери. Понекогаш добро е да побарате и второ мислење, но останете доследни на вашата проценка бидејќи сите имаме различна перцепција на нештата. Во секој случај не се опседнувајте поради ова, сè уште сè се одвива во границите на нормалата.
3. Постојано испрашување
Второто ниво може лесно да ескалира во наредното доколку тоа прво чувство на љубомора не исчезне. Почнувате постојано да се прашувате дали е верен, па се обидувате одговорите што ве интересираат да ги добиете преку секојдневен разговор, меѓу редови. Тој сè уште не може да забележи дека сте љубоморни, но тоа полека станува дел од вашата врска.
4. Прегледување на телефонот
Љубомората сега веќе станува видливо присутна. Вие имате мисија по секоја цена да најдете нешто сомнително, дури и ако во реалноста нема ништо такво. Одвај чекате да отиде до тоалет за да го грабнете телефонот. Ниту пасвордот не може да ве сопре да дознаете со кого уште зборува во доцните часови.
5. Непотребни критики
На ова ниво љубомората веќе преминала во злоба. Порано ви се допаѓаше што секогаш е среден, но сега се прашувате за кого се облекува толку убаво. Му давате двосмислени комплименти за неговата нова фризура и го прашувате зошто токму тој добил унапредување на работа. Немојте да мислите дека ваквото однесување е нормално. Веќе ги преминавте границите на нормалата.
6. Социјално шпионирање
Од оваа фаза веќе нема враќање назад. Официјално ја добивте титулата за љубоморна девојка. Честитки! Се појавувате на секој настан каде што оди тој и се преправате дека се работи за случајност. Вие само сакате да бидете сигурни дека не зборува со други девојки, но не е неопходно тој да знае за тоа. Во овој момент неговите другари се обидуваат да го убедат дека комплетно сте го изгубиле разумот.
7. Гушење од 5-ти степен
Во последните неколку месеци имате пропуштено безброј излегувања со другарките поради вашите прогонувања и шпионирања. Тој сака да оди сам на викенд со другарите, но вие сте решени да дојдете со него. Одвај му дозволувате сам да излезе од соба и секогаш гледате да е барем на метар оддалеченост од друга девојка.
8. Опсесија со валидација
Воопшто не сте сигурни во себеси и целосно имате изгубено допир со реалноста. Вие сте опседнати и единственото нешто што го задржува во оваа врска е неговите чувства за вас. Постојано му создавате грижа на совест и тој се чувствува обврзан да ја искажува неговата љубов речиси секој ден. Вака само го оддалечувате од себе, а неговите емоции избледуваат сè повеќе и повеќе.
9. Повици кон други жени
Ако има барем грам памет, полека ќе почне да се оддалечува од вас. А вам веќе воопшто не ви е грижа за како другите ве гледаат. Едноставно се јавувате на неговата најдобра пријателка и без предупредување ја прашувате дали спие со вашето момче.
10. Зеленооко чудовиште
Епа тоа е тоа. Зеленоокото чудовиште излезе од својата пештера и спремно е за напад. Ги поминавте сите нивоа на љубомора од беснеење без никаква причина до појавување на секоја можна локација каде што тој се наоѓа. Не го ни сакате повеќе, само не сакате никој друг да биде со него. Запаметете дека нема победник во оваа изопачена игра на љубомората.
Доколку се пронајдовте во првите три нивоа сè уште се движите во границите на нормалата и сосема е во ред да ви се случуваат такви работи. Но, ако забележите дека со текот на времето чувството на љубомора наместо да се намали или барем да стагнира, сè повеќе расте и евентуално ќе кулминира, преземете мерки на време. Не пуштајте го Зеленоокото чудовиште надвор од неговото засолниште. Размислувајте рационално и разговарајте со вашиот партнер. Повеќето работи се најчесто плод на нашата бујна имагинација. Ќе се изненадите од тоа колку лесно еден обичен разговор може да го реши проблемот и да ги успокои вашите грижи.