10 неверојатни сличности помеѓу нас и праисториските луѓе

10 неверојатни сличности помеѓу нас и праисториските луѓе

Не постои период опкружен со повеќе мистерија од праисторијата. Бидејќи ова е периодот пред постоењето на писмото, нашите предци не оставиле никакви пишани извори за начинот на кој живееле. За среќа со напредокот во археологијата и науката, денес можеме да замислиме како изгледал животот на праисторискиот човек. Она што ќе ве изненади е дека нивните животи понекогаш биле премногу слични со нашите.

1. Операција на мозок

10 неверојатни сличности помеѓу нас и праисториските луѓе

Операцијата на мозок е неодамнешна специјализација за докторите. Благодарение на наредното знаење од областа на психологијата и невронауката, тоа што можеме да третираме ментални и невролошки нарушувања за неколку недели е навистина занемарено чудо. Деликатноста на мозокот укажува дека операциите на него можат да бидат изведени само со денешната технологија и знаење.

Но, операцијата на мозок можеби не е толку модерна како што мислиме. Постојат докази кои покажуваат дека нашите предци правеле операции на мозок за лекување главоболки, а повеќето од нив биле успешни. Доктор Џиорго Сперати е медицински историчар и забележал дека половина од праисториските пациенти кои ѝ подлегнале на оваа примитивна операција преживеале и живееле со години по зафатот. Археолозите тврдат дека овие операции биле правени уште во 8.000 година п.н.е.

2. Секс играчки

10 неверојатни сличности помеѓу нас и праисториските луѓе

Иако играчките за возрасни се тема за која не сите сакаат да разговараат, побарувачката за нив е навистина голема. Очигледно е дека сексот постои уште од настанокот на човекот, но она што ќе ве изненади е што играчките за возрасни се користеле во Палеолитот. Во пештера во Германија е откриено издолжено и полирано парче камен што укажува дека жените се задоволувале со играчки. Овој артефакт е долг 20 центиметри и има дијаметар од 3 центиметри.

3. Дрога

10 неверојатни сличности помеѓу нас и праисториските луѓе

Еден од најпознатите „нарко босови“ во историјата, Пабло Ескобар, на врвот на својата кариера имал богатство од речиси 3 милијарди евра. Ова укажува дека постои огромен пазар за дрога во светот. Без разлика дали станува збор за печурки, марихуана или кокаин, секогаш ќе има луѓе кои ќе сакаат да ја изменат нивната свест.

Како и многу луѓе денес, и нашите праисториски предци ги сакале дрогите за рекреација. Археолошко ископување на Карибите резултирало со керамички садови и цевки кои биле користени за вдишување на халуциногени пареа и прав. Археолозите веруваат дека праисториските луѓе користеле дрога за да паднат во транс како дел од духовната практика.

4. Кучиња миленици

10 неверојатни сличности помеѓу нас и праисториските луѓе

Во Европа 1 од 4 семејства имаат куче, а во Америка кучиња чуваат околу 37% од домаќинствата. Ова ни кажува дека кучињата се важен дел од животот на модерниот човек. Претходно мислевме дека кучињата во праисторијата биле чувани како животни за работа, но науката го вели спротивното.

Во источен Сибир се пронајдени фосили од кучиња во посебно направени ковчези. Содржината на нивните стомаци покажува дека ги хранеле со морска храна, па дури имале и накит од нивните сопственици. Овие кучешки гробници кои се стари 33.000 години докажуваат дека врската помеѓу кучето и човек постои многу одамна.

5. Пиво и забавување

10 неверојатни сличности помеѓу нас и праисториските луѓе

Пивото се наоѓа на речиси сите социјални настани. Многу луѓе го пијат редовно, па дури и секојдневно. Но служењето пиво на забави не е ништо ново. Истражувања покажале дека пиво се служело и на праисториските забави. Минатата година археолозите откриле место во Кипар кое се користело за правење пиво и одржување религиски церемонии. Оваа древна пивница работела пред речиси 11.000 години и ја има целата опрема за правење примитивно пиво.

Продолжува на следната страница


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар