10 неверојатни работи што би можеле да ги направите за 24 часа

10 неверојатни работи што би можеле да ги направите за 24 часа

Проверете што сè може да се направи за едно деноноќие. Ако сте со авантуристички дух, повелете соборете ги следните рекорди. 🙂

1. Да истрчате околу 446 километри

10 неверојатни работи што би можеле да ги направите за 24 часа

Ултрамаратон е форма на маратон во кој учесниците се натпреваруваат кој повеќе ќе истрча во рок од 24 часа. Победникот на последниот ултрамаратон е Американецот Мајк Мортон. Тој истрчал над 446 километри.

2. Да настапите на 8 концерти во 8 различни градови

10 неверојатни работи што би можеле да ги направите за 24 часа

Изминатото лето, психоделичниот рок бенд „The Flaming Lips“ го собори рекордот на Џеј-Зи, одржувајќи 8 концерти во 8 различни градови, од Тенеси до Луизијана.

3. Да направите 801 тетоважа

10 неверојатни работи што би можеле да ги направите за 24 часа

Во 2008 година, тату-уметникот Холис Кантрел од Аризона за точно 24 часа изработил 801 тетоважа или двојно повеќе од претходно утврдениот рекорд.

4. Да направите 46.001 склекови

10 неверојатни работи што би можеле да ги направите за 24 часа

Пред речиси една деценија, Чарлс Сервицио (Charles Servizio) направил 46.001 склекови за 24 часа.

5. Да направите 6.176 форми од балони

10 неверојатни работи што би можеле да ги направите за 24 часа

Во 2004 година, Тим Турмонд (Tim Thurmond) успеал да направи точно 6.176 форми од балони за добротворна организација. Нема информации колку балони му испукале во овој процес. 🙂

6. Можете да изодите околу 48 километри со „месечевиот од“

10 неверојатни работи што би можеле да ги направите за 24 часа

Ова го постигнал Arulanantham Suresh Joachim. Мајкл Џексон сигурно би бил горд на него.

7. Да решите 4.786 рубикови коцки

10 неверојатни работи што би можеле да ги направите за 24 часа

Тоа е околу 4.785 пати повеќе отколку што може да реши еден просечен човек.

8. Да играте во секое казино во Лас Вегас

10 неверојатни работи што би можеле да ги направите за 24 часа

Џек Фримен и неговиот син Џереми успеале да ги поминат сите казина во Вегас за помалку и од 24 часа. Им останале 5 неискористени часови.

9. Да скокнете банџи 105 пати

10 неверојатни работи што би можеле да ги направите за 24 часа

Редордот е поставен минатата година во Јужна Африка. Рекордерот скокал банџи на секои 14 минути.

10. Да направите 14.607 пати „дај петка“?

10 неверојатни работи што би можеле да ги направите за 24 часа

Тоа е речиси двојно повеќе од рекордот со гушкање, кој пак, изнесува 8.709 пати.

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Минималист ;)

Поврзани содржини

  1. ivica Reply

    ispaga na sekoja 1.9 sekudi pravel po eden sklek vo tekot na 24 casa bez prekin sto i ne e mn logicno

Остави коментар