10 неверојатни приказни за деца кои преживеале смртоносни ситуации

10 неверојатни приказни за деца кои преживеале смртоносни ситуации

Телата на децата се неверојатно издржливи. Тие постојано се со некои модринки и гребаници без некоја трајна штета, па дури успеваат и да изгледаат слатко во нивните лудории. Сепак, и најмалите имаат своја граница. Постојат многу приказни за деца кои се нашле во лоши ситуации и на неверојатен начин успеале да избегаат од канџите на смртта. Погледнете ги овие фасцинантни вистински приказни за преживување.

1. Ледено ниски температури

(1)10-neverojatni-prikazni-za-deca-koi-prezhiveale-opasni-situacii-kafepauza.mk

Една вечер со температура под нулата во Алберта, Канада, во 2013 година, 13-месечната Ерика станала од креветот што го делела со мајка си. Таа ја отворила задната врата од куќата и залутала надвор во студената снежна ноќ. По некое време паднала во снегот, и останала да лежи таму. Нејзината мајка не сфатила дека ќерка ѝ ја нема сè до 3 часот наутро. За среќа, брзо ја пронашла. Кога пристигнала брзата помош тие веднаш почнале да го оживуваат смрзнатото тело на Ерика. Проблемите настанале бидејќи нејзините екстремитети биле замрзнати па било речиси невозможно да ѝ стават инјекција. Упорноста на спасувачите се исплатила, и тие успеале да ѝ ја стават инјекцијата во ногата. Кога пристигнале во болницата почнал процесот на затоплување на телото на Ерика, и нејзиното срце кое не чукало веќе 2 часа почнало да работи. Ерика успеала да преживее еден од најсмртоносните временски услови.

2. Паѓање

(2)10-neverojatni-prikazni-za-deca-koi-prezhiveale-opasni-situacii-kafepauza.mk

Оваа година во Америка, 2-годишната Адријана честопати имала навика да седи на прозорецот и да си игра со својот таблет. Прозорецот, се разбира, секогаш бил заклучен. Но, тоа се променило кога на посета дошла нејзината 17-годишна братучетка, Изабела. Додека двете девојки си играле во собата, Изабела го отворила прозорецот, сакајќи да го слуша дождот. Тогаш на кратко отишла во кујната кога слушнала звук и гласот на Адријана. Малата Адријана паднала од прозорецот од 5-от кат. За голема среќа, под прозорецот имало тенда која го ублажила падот, па Адријана се извлекла само со модринка на раката и насмевка на нејзиното лице.

3. Сообраќајна несреќа

(3)10-neverojatni-prikazni-za-deca-koi-prezhiveale-opasni-situacii-kafepauza.mk

Овој настан се случил во Арканзас, Америка, во 2016 година, кога еден автомобил бил истеран од патот од страна на камион. Автомобилот во кој имало 5 здрави луѓе се превртил и им предизвикал повреда на четворицата возрасни, додека пак, 8-месечното бебе исчезнало. Кога се утврдило дека бебето излетало од колата, спасувачите безнадежно почнале да трагаат по неговото тело. Наскоро тоа било пронајдено, и иако излетало 7,3 метри од автомобилот, поминало само со мали повреди.

4. Бомбардирање

(4)10-neverojatni-prikazni-za-deca-koi-prezhiveale-opasni-situacii-kafepauza.mk

Најверојатно не постои почудна приказна од онаа за бомбардирањето на едно основно училиште во Вајоминг, Америка во 1986 година. Кога Дејвид, Дорис и Јанг влегле во училиштето на 16-ти мај, тие имале само една цел – да ги држат сите деца (повеќе од 100) како заложници и да бараат по 2 милиони за секое, па да ја детонираат бомбата што била прикачена за Дејвид и да ги транспортираат сите деца и пари во нов свет. Сè одело по планот, но кога Дорис отишла во тоалетот, без да сака ја детонирала бомбата и повредила само неколку деца. Дејвид веднаш ја застрелал, а потоа се застрелал и самиот. Најчудниот дел од цела ситуација? И покрај тоа што 76 луѓе биле повредени во инцидентот, не загинал никој друг освен Дејвид и Дорис.

5. Напад од крокодил

(5)10-neverojatni-prikazni-za-deca-koi-prezhiveale-opasni-situacii-kafepauza.mk

Оваа година, 10-годишната Џулијана си седела покрај некое езеро во Флорида, Америка. Но, нејзиното уживање било прекинато од крокодил од 2,7 метри кој ја фатил за ногата. Малото девојче најпрво се обидело да го удри ѕверот, но ова било неуспешно. Потоа се сетила на еден факт кој го научила во забавен парк за крокодили – ги ставила прстите во носот на животното и чекало да го изгуби воздухот за да ја отвори устата. Планот проработел, и девојчето избегало веднаш штом му се укажало прилика. Добила само неколку конци поради длабоките рани. Властите го фатиле крокодилот и езерото било затворено на одреден период со цел да се избегне уште некој напад.

Продолжува на следната страница


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар