10 неверојатни откритија за древните автори и книги
Во минатото многу работи се користеле како страници за пишување. Папирусите, камењата и дрвото содржат многу важни информации и редовно се откриваат неверојатни податоци од нив. Необичните автори или непознатите дела од познати личности се само почетокот. Неодамнешните откритија вклучуваат книги што убиваат, библиски приказни со различни краеви и некои од најголемите измами во трговијата со артефакти.
1. Медицина од древен Египет
Во Копенхаген, Данска, има уникатна колекција од египетски записи. Преведени се дури оваа година и преводот досега нуди многу информации. Неколку медицински текстови потекнуваат од древната библиотека во Тебтунис која била активна до 200 година п.н.е. и била основана долго пред познатата библиотека во Александрија.
Во еден текст се зборува за човечките бубрези, податок што ги поби верувањата дека Египќаните од тој период не биле свесни за органите. Друг текст датира од пред околу 3.500 години, период кога не постоело европско писмо. Во него се опишува тест за бременост кој подоцна се појавил како германски лек во 1699-та година. Ова го нагласува влијанието на древната египетска медицина која често е заборавена во грчките и римските текстови. Тоа е иронично бидејќи` знаењето на Египќаните ја поставило основата. Колекцијата исто така содржи текстови за астрологија, ботаника и многу други области.
2. Дијагнозата за хистерија на Гален
Во минатото лекарите верувале дека матката на жената може да „одлута“ и да предизвика хистерија. Никогаш не е објаснето каде всушност одела матката, но еден римски доктор не го поддржувал ова. Неговото име било Гален (130-210 година). Работата на овој лекар е на некој начин столб на она што подоцна ќе стане модерна медицина. Но неодамнешно откритие покажало дека дури и Глен грешел, и тоа многу. Сè започнало со папирус стар 2.000 години што никој не можел да го прочита цели 4 векови. Текстот на двете страни изгледал како пишување во огледало. Бидејќи папирусот бил сокриен во архива на еден шведски универзитет, оштетениот документ бил исчистен дури оваа година. Записот од задниот дел изгледа воопшто не бил мистерија. Документот се состоел од неколку поврзани листови, од кои некои погрешно.
Загатката за содржината конечно била решена и сега е јасно дека делото е на Гален или некој кој ја опишал неговата дијагноза за хистерија. Според записот, нарушувањето се појавувало поради малку секс. Гален сметал дека поради ова жените можат да страдаат од „хистерично гушење“ или апнеја.
3. Откриена ретка Библија
За време на владеењето на Хенри VIII се изгубиле бројни свети артефакти и книги. Тој владеел во 16-тот век и затворил многу манастири, вклучувајќи ја и катедралата во Кантербери. За време на кризата исчезнала библиотеката на катедралата која имала 30.000 книги. Во 2018-та година бил пронајден еден том – ретка средновековна Библија. Кога Хенри ги уништувал манастирите, Библијата веќе имала 300 години. Половина милениум подоцна, Библијата се појавила на продажба на ретки книги во Лондон. Денес Библијата се наоѓа во катедралата и е една од 30-те книги од оригиналната библиотека.
4. Стравот на кралот
Џејмс I од Англија имал специфичен страв и како резултат на ова умреле стотици негови слуги и помошници. Џејмс се плашел од вештерки. Во 1606-та година, Томас Саквил, неговиот благајник, очекувал посета од кралот. Тој изградил неверојатни соби во кулата на неговиот дом и преземал многу мерки за да го заштити кралот од вештерки.
Во 2014-та година биле откриени симболи дизајнирани со цел да ги спречат вештерките да влезат во просториите на кралот. Биле изгравирани на подот и околу каминот. Симболите наликувале на латинските букви V и W и целта им била да ја привлечат заштитата на Дева Марија. За да се заробат злите духови биле изградени лавиринти наречени стапици за демони. Она што е интересно е што ова се првите точно датирани знаци за вештерки. Се верувало дека станува збор само за линии кои им биле мерки на мајсторите, но покрај линиите навистина постојат и симболи.
5. Доказ за кралот Артур
Во Корнвел бил пронајден доказ за постоењето на судот на кралот Артур, но само за верниците во легендарниот владетел. За останатите, овој артефакт стар 1.300 години не докажува ништо. Во 2018-та година бил пронајден камен во замокот Тинтагел, родното место на кралот. На ова место со векови се барале докази за неговото постоење и неодамна е додаден интересен детаљ на ова. Можеби не пишува „Артур беше овде“, но каменот со должина од 0,61 метар е изгравиран од едуцирана рака. Латинските фрази, христијанските симболи, римските и келтските имиња бие изгравирани со ракопис сличен на евангелијата од тој период.
За истражувачите кои знаеле дека местото имало висок статус во минатото, нивото на едукација е пријатно изненадување. Ако ништо друго, овој камен покажува дека заедницата во Тинтагел била едуцирана и не станувало збор за средновековни варвари.
Продолжува на следната страница…