10 неверојатни факти за женското тело
Можеби веќе знаете многу интересни факти за женското тело и колку е тоа неверојатно. Но дали знаевте дека целулитот воопшто не е лош? Или пак знаете ли дека жените се порационални од мажите? Прочитајте ги овие неверојатни факти за женското тело кои веројатно ги немате слушнато досега.
1. Вратот на жените е поподвижен
Сте забележале ли како се вртат мажите, а како жените? Ако обрнете внимание ќе забележите дека мажите го свртуваат целото тело, додека жените само нивните глави. Причината е мускулната структура која е поеластична кај жените. Но дами внимавајте кога ја вртите главата. Според едно истражување, жените почесто имаат болки во вратот.
2. Жените се чувствителни на звуци и кога спијат
Овој факт е последица од еволуцијата. Жените се чувствителни на звуци додека спијат за да се разбудат ако плаче бебе. Добрите вести се тоа што ова правило важи само за звуци со висока фреквенција. Исто така жените се посклони кон нарушувања поврзани со спиењето од мажите.
3. Градите на жените се со различна големина
Оваа разлика може да биде или невидлива или навистина очигледна. Како и да е, нема простор за грижа бидејќи ниту една жена нема симетрични гради. Постојат многу причини за ова. Тоа може да биде волуменот на ткивото на градите, па дури и еластичноста на кожата.
4. Жените се порационални од мажите
Без разлика на популарното мислење дека жените се поемоционални, а мажите порационални, важи токму спротивното. Дебелиот кортекс е поврзан со подобри резултати на тестовите за когнитивност и интелигенција, а женскиот мозок има подебел кортекс. Од друга страна, мажите имаат поголем волумен на мозокот, а ова има голема улога во емоциите и донесувањето одлуки.
5. Целулитот не е лош
Зборот „целулит“ не е медицински термин и не е знак за дебелина, туку за зрела жена. Според статистиката, само 1 жена во 40 нема целулит. И покрај тоа, постојано слушаме за „лошите“ масти и акумулацијата на токсини со кои телото не може да се справи. Но целулитот има важна улога во производството на хормони, вклучувајќи го и естрогенот. Целулитот како глобален проблем не постои ни 50 години, па штом не се грижела Мерлин Монро, зошто да се грижите и вие?
Продолжува на следната страница…