10 неверојатни факти за Алберт Ајнштајн
Знаеме многу за научното дело на Алберт Ајнштајн, за она што го рекол за животот или за она што го напишал, но за него се врзани и неколку неверојатни факти. Следуваат десет од нив.
Ајнштајн бил дебело бебе со голема глава
Кога се родил, Ајнштајн имал толку голема глава што мајка му мислела дека е деформиран. Се смирила дури неколку недели подоцна кога почнал да изгледа нормално, благодарение на тоа што многу се здебелил.
Имал говорна мана
Многу ретко зборувал додека бил дете, а кога го правел тоа зборувал премногу бавно. Неговиот говор изгледал како неумешно мрморење. Тоа траело до деветгодишна возраст. Оваа појава е забележана кај повеќе славни научници и се нарекува Ајнштајнов синдром.
Бил инспириран од компас
Кога татко му му покажал компас уште кога бил мал, Ајнштајн се запрашал каква е таа невидлива сила која ја мести стрелката секогаш во истиот правец. Знаеме до каде го однела неговата љубопитност.
Паднал на приемниот испит за факултет
Немал проблеми да положи математика и физика, но идниот голем научник паднал на сите останати испити, како историја, географија, мајчин јазик итн, кога сакал да се запише на Федералниот швајцарски политехнички факултет. Немал друг избор освен да оди една година во трговско училиште, пред да ги положи сите испити и да се запише на тој факултет една година подоцна.
Имал вонбрачно дете
Професорот Ајнштајн имал врска со својата студентка Милева Мариќ со која имал вонбрачна ќерка. За неа не се знае многу, освен дека била родена во домот на Мариќ во Нови Сад и дека се викала Лизерл. Се претпоставува дека починала на едногодишна возраст од некаква болест. Неколку години подоцна Ајнштајн и Мариќ се венчале.
Чудниот брачен договор
Кога Ајнштајн се оженил со Милева Мариќ идиличниот брачен живот не траел долго. Обврските поврзани со науката ги оддалечиле двајцата брачни партнери, по што Ајнштајн предложил еден чуден договор со кој ќе ги регулираат брачните обврски и ќе си живеат среќно додека смртта не ги раздели. Барањата вклучувале да му бидат послужени три оброци дневно во неговата соба, таа да му зборува секогаш кога тој ќе го побара тоа, бирото секогаш да му биде чисто, и да не бара редовно исполнување на „брачните обврски во спалната“, а за возврат тој ќе ја третира секоја друга жена како странец. Милева се согласила на овие барања.
Не се согласувал со постариот син
Ајнштајн имал два сина од бракот со Милева, но со постариот, Ханс Алберт, никако не се согласувал. Односот особено се влошил кога Алберт и Милева се развеле, но кога Ханс требало да се ожени целосно ја прекинале комуникацијата. Ханс се оженил со постара жена за која Ајнштајн сметал дека не е привлечна и ги сака само неговите пари, поради што од него побарал да немаат деца за да го направат неизбежниот развод полесен.
Ајнштајн бил женкар
За разлика од раширениот стереотип за генијалните научници, Ајнштајн бил женкар. Милева Мариќ ги трпела само барањата од брачниот договор, но братучетка му и втора сопруга Елза ги толерирала и бројните љубовници на нејзиниот сопруг.
Го поттикнал создавањето на атомската бомба
Под влијание на колегата Лео Силард, а плашејќи се дека нацистичка Германија веќе развива своја атомска бомба, Ајнштајн му пишал на Претседателот Рузвелт за да го поттикне да почне со создавање на атомска бомба како неопходност за одбрана на земјата. За негова среќа, познатиот физичар и пацифист не бил повикан да помогне во нејзиното производство затоа што како Германец бил сметан за безбедносен ризик за САД.
Му бил украден мозокот
Мозокот на брилијантниот физичар бил предизвик за Томас Харви, докторот кој ја правел аутопсијата по неговата смрт. Иако бил отпуштен од болницата поради тоа што го ставил неговиот мозок во тегла и одбивал да го врати, Харви ја исполнил својата цел затоа што сакал да го истражува мозокот на Ајнштајн. Откако од Ханс Ајнштајн, Харви добил дозвола да го направи истражувањето, го расекол мозокот на Алберт на помали делови кои ги испратил на повеќе научници. Резултатите потврдувале дека Ајнштајн бил роден со поголема способност за она што го работел.