10 неверојатни антички техники за претскажување на иднината

10 неверојатни антички техники за претскажување на иднината

Денес претскажувањето на иднината обично вклучува гледање на кафе, тарот карти, читање од дланка, или пак хороскоп. Овие модерни техники не се ништо во споредба со она што се случувало во минатото. Низ историјата луѓето биле опседнати со иднината исто како што сме и ние денес. Во древниот свет биле практикувани многу техники и ритуали за предвидување, а во продолжение ќе ги погледнете некои од најчудните.

1. Амиомантија

(1)1-neverojatni-tehniki-za-pretskazhuvanje-na-idninata-od-minatoto-kafepauza.mk

Кога се раѓа едно дете, понекогаш има мембрана која ја покрива неговата глава. Ова се случува многу ретко, еднаш на 80.000 бебиња. Во минатото кога ќе се случело ова, луѓето сметале дека со таа мембрана може да ја одредат иднината на детето. Ако била црвена, значело дека ќе има среќен живот. Ако е сина значело дека ќе му се случи нешто ужасно во иднина. Постои една легенда во Полска според која детето што е родeно со мембрана ќе се претвори во вампир. За да го спречат ова, луѓето ја сушеле мембраната и ја чувале до 17-тиот роденден на детето, а потоа го терале да ја изеде.

2. Пиромантија

(2)1-neverojatni-tehniki-za-pretskazhuvanje-na-idninata-od-minatoto-kafepauza.mk

Во древна Грција, следбениците на богот Хефест верувале дека можат да комуницираат со него преку огнот. Луѓето гледале во огнот и тврделе дека можат да ја видат иднината. Формата на огнот се сметала како знак од боговите за добра иднина или за лоши веси. Ако фрлеле некој предмет во огнот, начинот на кој тој горел ја покажувал иднината. Ако предметот изгорел брзо без многу чад, ова биле добри вести. Спротивно, ако било тешко да изгори, тоа било знак за некаква трагедија.

3. Долг човек

(3)1-neverojatni-tehniki-za-pretskazhuvanje-na-idninata-od-minatoto-kafepauza.mk

Индијанците Чироки се консултирале со лекар, односно со „долгиот човек“ секогаш кога сакале да дознаат нешто за иднината. Овој човек живеел покрај реката, правел некаква магија и барал знак за иднината на луѓето. Ако реката продолжела да си тече без никакви промени, тоа било знак на долг живот и богатство во наредните 7 години. Но ако на реката се појавел и најмал лист, тоа било знак за смрт во блиска иднина.

4. Зоомантија

(4)1-neverojatni-tehniki-za-pretskazhuvanje-na-idninata-od-minatoto-kafepauza.mk

Во многу култури однесувањето на животните се гледало како знак за иднината. Во древна Грција, Александар Македонски добивал совети од еден гледач по име Аристандер. Еден ден Александар сакал да жртвува животно за боговите со цел да победи некоја битка. Одеднаш над олтарот прелетала голема птица која фрлила камен на главата на кралот. Аристандер бил таму и заклучил дека Александар ќе ја добие битката, и дека нема потреба од принесување жртва. Постоеле одредени видови зоомантија, во зависност од животното. На пример, мачките секогаш биле симболи на вештерките. Тоа дека мачките ја предвидуваат иднината до некаде е точно бидејќи тие чувствуваат кога се приближува земјотрес или ураган.

5. Кристална топка

(5)1-neverojatni-tehniki-za-pretskazhuvanje-na-idninata-od-minatoto-kafepauza.mk

Кристалната топка е можеби најпознатиот начин за предвидување на иднината. Всушност ова може да се изведе на каква било мазна рефлективна површина. Во 16-тиот век во Англија, советникот на кралицата Елизабета, Џон Ди, користел кристална топка за предвидување на иднината. Тој предвидел дека сестрата на Елизабета, Мери, ќе умре, а тронот ќе го наследи Елизабета. Тој бил затворен поради вештерство, но по 3 години неговото предвидување се остварило. Елизабета веднаш го извадил од затворот, а неговата „магија“ почнала да се смета за божествена. Џон продолжил редовно да се занимава со окултизмот и многу често цртал чудни симболи за кои тврдел дека се јазик кој го научил од ангелите.

Продолжува на следната страница


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар