10 нешта што не можеме да ги докажеме, но луѓето сепак веруваат во нив
Емпириските докази ни помагаат да одредиме во што треба, а во што не треба да веруваме. Но понекогаш фактите едноставно не ни се достапни. Сепак, дури и кога немаме цврсти докази, луѓето настојуваат да продолжат да веруваат во одреден феномен. Од нешта што се невидливи за нас, до други форми на живот, ова се 10-те нешта во кои луѓето веруваат и покрај недостатокот на докази.
1. Вонземјани
Иако постојат бројни теории на заговор и „инциденти“ со НЛО, сепак немаме никаков доказ дека постои живот надвор од нашата планета. И покрај ова многу луѓе цврсто веруваат дека има живот на други планети, или дека имало во некој момент од минатото. Од видео записи со необјасниви летачки објекти на небото, до лични сведочења од луѓе кои наводно биле киднапирани од вонземјани, навистина сакаме да веруваме дека сепак постои живот надвор од Земјата.
2. Астрологија
Концептот на астрологијата не е нов. Луѓето со векови донесувале важни животни одлуки во зависност од положбата на ѕвездите. Без никаков доказ дека планетите и ѕвездите го формираат карактерот на личноста, продолжуваме да веруваме дека знакот во којшто сме родени има големо влијание на нашите вештини и на нашиот живот. Дневниот хороскоп и наталните карти им се како водич на многу луѓе кои сметаат дека нивната судбина е запишана во ѕвездите.
3. Криптиди
Криптиди се животни чие постоење не е научно потврдено, како Бигфут или чудовиштето од Лок Нес. Иако постојат многу сведочења и аматерски фотографии кои можат да нè убедат дека некои од овие суштества можеби навистина се реалност, тие не постојат во музеи и не се официјално признати. Сè додека не го фатиме Неси или некое друго митско чудовиште, ни останува само да претпоставуваме.
4. Духови
Секој којшто тврди дека видел дух, веројатно смета дека тоа е доказ за постоењето на задгробен живот. Но скептиците сметаат дека овие појави можат да се објаснат со трикови на светлината или со некој друг логичен феномен. Сепак, не постојат никакви опипливи докази за постоењето на духовите. Иако ловците на духови имаат електронски направи со кои наводно ја мерат активноста на духовите, нивните резултати се отворени за интерпретација. И покрај недостатокот од докази, кога нешто ќе направи врева навечер, голема е веројатноста да мислите дека станува збор за дух.
5. Медиуми
Медиумите се луѓе кои наводно разговараат со мртвите кои преминале „на другата страна“. Медиумите споделуваат детали со живите сакани кои ги добиле од починатата личност. Иако засега нема начин да се измери или провери дали овие луѓе навистина разговараат со мртвите, луѓето сакаат да веруваат дека можат да стапат во контакт со нивните сакани. Медиумите не нудат 100% точност, но желбата да разговарате со личност што сте ја изгубиле ќе ве натера да се ослободите од сомнежите.
Продолжува на следната страница…