10 нешта што можеби не сте ги знаеле за огненото оружје

10 нешта што можеби не сте ги знаеле за огненото оружје

Денес оружјето е опкружено со многу контроверзии. Секоја година илјадници луѓе го губат својот живот од оружје, па не е ни чудно што многумина не го сакаат. Постојат и луѓе кои го оправдуваат поседувањето оружје од многу причини. Во продолжение прочитајте нешто повеќе за историјата на оружјето и разните страни на дебатата позната како „за или против оружје“.

1. Историја на оружјето

10 нешта што можеби не сте ги знаеле за огненото оружје

Оружјето направило голема промена низ вековите. Некои од најраните записи за употреба на огнено оружје датираат од 13-тиот и 14-тиот век. До 1400-тите се појавило огненото копје. Ова е важен напредок бидејќи пред ова огненото оружје било навистина тешко за употреба. Пред огненото копје биле потребни двете раце, а многу често и сталак за оружјето. Со едната рака се пукало, а со другата се палел барутот во цевката. Огненото копје им овозможувало на луѓето да ги држат и двете раце на него за време на пукање, а ова овозможува подобар нишан.

2. Сопственици на оружјето

10 нешта што можеби не сте ги знаеле за огненото оружје

Кога размислувате за луѓе кои поседуваат оружје, сигурно не помислувате дека тоа е од корист. Всушност, сопствениците на огнено оружје придонесуваат многу кога купуваат оружје и муниција благодарение на данокот.

3. Русите и огненото оружје

10 нешта што можеби не сте ги знаеле за огненото оружје

Постојат многу чудни приказни за оружје и луѓето кои го користат, а многу од нив вклучуваат Руси. Всушност, Русите понеле огнено оружје со нив и во вселената. Постојат многу теории за оваа одлука, но го носеле во случај да слетаат на непланирано место. Оружјето наречено ТР-82 го носеле помеѓу 1986-та и 2007-ма година и им помагало на космонаутите да се одбранат од мечки кога ќе слетаат на Земјата.

Друга интересна приказна е од Советскиот Сојуз. Советскиот сојуз дизајнирал топ во стил на картечница наречен GЅh-6-30 и бил наменет за авиони. За жал вибрацијата од оружјето го оштетувала авионот и 3 авиони морале да слетаат со судир бидејќи оружјето ги заглавило вратите на опремата за слетување.

4. Камера револвер

10 нешта што можеби не сте ги знаеле за огненото оружје

Низ годините, на огненото оружје се направени многу модификации. Во 1938-ма година се појавила камерата револвер. Оваа направа била токму тоа, револвер Colt .38 со камера. Секогаш кога се повлекува чкрапалото, камерата прави фотографија. Како што можете да замислите, ова имало потенцијал да биде навистина застрашувачко. Добрите вести се што камерата правела фотографии дури и кога револверот бил празен. Можеби овој изум е еден од најлудите, но никогаш не се прославил.

5. Пикасо

10 нешта што можеби не сте ги знаеле за огненото оружје

Пабло Пикасо е еден од најпознатите уметници на сите времиња, но малку познато е што сакал да прави за забава. Пикасо имал револвер којшто го полнел со ќорци. Оружјето некогаш му припаѓало на Алфред Џери, писател кој го инспирирал Пикасо. Ако некој го прашал Пикасо што значи негово дело, го прашувал за неговите теории и естетика, тој го „застрелувал“. Иако куршумите биле ќорци, на соговорниците сигурно не им било сеедно кога се соочувале со оружјето. Денес ова однесување е забрането.

Продолжува на следната страница


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар