10 нерешени мистерии од древен Египет

10 нерешени мистерии од древен Египет

Древен Египет ги фасцинира речиси сите уште од откривањето на Големата сфинга. Изминативе два века тој е вистинска опсесија на многу археолози и историчари. Египет е земја чии мистерии со години ги откриваме. Сепак, и после толку време постојат многу работи кои не ги знаеме. Некои од најголемите откритија од древниот свет сè уште се наоѓаат под земја. Ова се некои од најголемите нерешени мистерии од древен Египет.

1. Изгубениот египетски лавиринт

10 нерешени мистерии од древен Египет

Пред 2.500 години, во Египет имало масивен лавиринт кој според луѓето кои го виделе ги засенувал и пирамидите. Лавиринтот бил огромна градба на 2 ката. Внатре имало 3.000 разни соби поврзани со комплексен лавиринт од кој никој не можел да излезе без водич. Имало и подземно ниво кое било гробница за кралеви, а масивниот покрив бил направен од еден камен.

Бројни древни писатели кои наводно го виделе лавиринтот го опишувале во своите дела, но 2.500 години подоцна сè уште не знаеме каде се наоѓа. Единствено е пронајдено масивно плато со ширина од 300 метри за кое се верува дека е основата на лавиринтот. За жал, ако ова е точно изгубени се горните катови.

2. Непознатата египетска кралица

10 нерешени мистерии од древен Египет

Во 2015-та година археолозите пронашле гробница на жена која била закопана покрај пирамидите на Старото Египетско Кралство. Во гробницата биле пронајдени записи кои ја нарекувале „сопруга на кралот“ и „мајка на кралот“. Оваа жена живеела пред 4.500 години и тогаш би била една од најважните личности на планетата. Но, никој не знае која е.

Историчарите ја нарекле Кентакавес III поради претпоставка дека е ќерка на кралицата Кентакавес II. Тие веруваат дека можеби била сопруга на фараонот Неферефре и мајка на фараонот Мекахур. Нејзиното име не е спомнато никаде и до денес претставува вистинска енигма.

3. Сфингата од Израел

10 нерешени мистерии од древен Египет

Во 2013-та година во Тел Хазор, Израел, археолозите откриле нешто што не очекувале да биде толку далеку од Египет – египетска сфинга стара 4.000 години. Всушност тие ги пронашле стапалата на статуа кои биле поставени на основа. Се верува дека остатокот е уништен пред илјадници години. Никој не знае што бара египетска статуа во Израел. Единственото делче од сложувалката е натпис на основата кој гласи „Крал Микеринус“, името на фараонот кој владеел со Египет околу 2500-та година п.н.е.

Мала е веројатноста дека Тел Хазор бил освоен од Египќаните. За време на владеењето на Микеринус, Тел Хазор бил центар за размена директно помеѓу Египет и Вавилон. Најверојатно сфингата била подарок.

4. Мистериозната смрт на Тутанкамон

10 нерешени мистерии од древен Египет

Тутанкамон имал само 19 години кога умрел и никој не знае што точно се случило. Мистеријата е поради тоа што тој имал толку многу проблеми, па не се знае кој го „докрајчил“. Неговото здравје било ужасно. Имал маларија и бил роден со толку многу генетски нарушувања, што историчарите се убедени дека неговите родители биле брат и сестра. Исто така има и скршен череп, па многу археолози мислеле дека бил прободен во главата. Денес се верува дека неговото тело било оштетено за време на балсамирањето.

5. Сокриената просторија во Големата пирамида

10 нерешени мистерии од древен Египет

Најголемата пирамида во Египет е изградена пред 4.500 години за фараонот Куфу. Тоа е масивна структура висока речиси 150 метри и е изградена од над 2,3 милиони камени блокови. До неодамна се мислеше дека внатре има само 3 простории. Ако мислите дека тоа е многу потрошен простор, не сте единствените. Поради ова, еден тим во ноември 2017-та година ја скенирал пирамидата со цел да открие нешто повеќе за неа. Над Големата галерија на пирамидата откриле знаци кои укажуваат на уште една огромна скриена просторија.

Она што е чудно е тоа што Египќаните ја направиле просторијата целосно непристапна. Нема никакви тунели кои водат кон неа. Единствениот начин да ставиле нешто во неа е во текот на изградбата.

Продолжува на следната страница


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар