10 необични јазици во кои не е вклучен говорот

10 необични јазици во кои не е вклучен говорот

Идејата за јазик без говор звучи навистина чудно, но низ историјата луѓето развиле навистина иновативни начини на комуникација без зборување. Самиот концепт не е толку туѓ како што ни изгледа. Морзеовата азбука ја знаат многумина, а знаковниот јазик е нешто што го гледаме навистина често. Покрај овие, постојат и безброј други начини на комуникација без говор што вклучуваат свирење, удари и испуштање звуци.

1. Силбо гомеро

10 необични јазици во кои не е вклучен говорот

Со векови во долините на островот Ла Гомера се користи свирењето како начин на комуникација. Причината е што овде живеат 22.000 уникатни луѓе кои знаат шпански и силбо гомеро, верзија од шпанскиот јазик со свирење. Овој јазик им овозможувал на локалните жители да комуницираат на растојание од над 3 километри уште од 16-тиот век. Јазикот содржи околу 4.000 зборови и го разбираат повеќето луѓе што живеат овде.

2. Сфирија

10 необични јазици во кои не е вклучен говорот

Ова е речиси истребен јазик што е стар 2.500 години и денес го разбираат само 6 луѓе во целиот свет. Јазикот звучи како пеење на птици и има уникатен вокабулар и граматика. Јазикот потекнува од грчкиот остров Евиа и веројатно е измислен со цел да ги предупреди локалните жители за пирати. Јазикот бил откриен дури во 1969-та година кога се срушил авион во овој предел и спасувачите ги слушале локалните жители како свиркаат за да се разберат.

3. Монашки знаковен јазик

10 необични јазици во кои не е вклучен говорот

Замислете си дека сте свештеник со заклетва за молк опкружен со исти свештеници и потполна тишина. Сепак ќе сакате да комуницирате, но не смеете да зборувате. Поради ова во 10-тиот век христијанските свештеници го смислиле монашкиот знаковен јазик. Иако има малку зборови кои најчесто се однесуваат на секојдневни активности во манастирите, постојат многу верзии на овој јазик низ целиот свет.

4. Тропање на воени затвореници

10 необични јазици во кои не е вклучен говорот

Понекогаш и затворениците се присилени да бидат тивки. Американските воени затвореници во текот на Виетнамската војна имале навистина интересен начин на комуникација – со тропање. Овој систем е сличен на Морзеовиот код и вклучувал разен ритам на тропање за разни букви со цел да се добие збор. Иако тропањето се користело за едноставни зборови како „здраво“ или „добра ноќ“, јазикот се употребувал и за комплексни реченици со кои си кажувале како поминувале испрашувањата и што да очекуваат од нив.

5. Којсански кликови

10 необични јазици во кои не е вклучен говорот

Којсанската група јазици потекнува од Африка и вклучува употреба на кликови како согласки. Јазикот се користи со генерации и додека многумина веруваат дека е исчезнат, сепак постојат неколку места на кои се употребува, како пустината Калахари и Танзанија. Всушност холандските колонисти во Јужна Африка биле толку вчудовидени од овие звуци што мислеле дека населението пелтечи.

Продолжува на следната страница


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар