10 необични факти што нема да можете да ги извадите од глава откако ќе ги прочитате! - Part 2

10 необични факти што нема да можете да ги извадите од глава откако ќе ги прочитате!

6. Моментално се соочуваме со масовно изумирање

10 необични факти што нема да можете да ги извадите од глава откако ќе ги прочитате!

Научниците велат дека денес се соочуваме со 6-тото масовно изумирање на Земјата. Овој феномен е познат како „биолошко уништување“, бидејќи милијарди животински видови исчезнале како последица од ловењето, уништувањето на нивните живеалишта, појавата на нови видови и ширењето болести. За сето ова главни виновници се луѓето.

7. Гумените бонбони се покриени со секрет од бубачка

10 необични факти што нема да можете да ги извадите од глава откако ќе ги прочитате!

Дали некогаш сте се запрашале зошто надворешната површина на гумените бонбони е толку тврда и сјајна? За да се постигне овој ефект, произведувачите користат секрет од одредени видови бубачки. Ова се лоши вести за вегетаријанците, бидејќи овој секрет е животински производ.

8. Снежана немала работа

10 необични факти што нема да можете да ги извадите од глава откако ќе ги прочитате!

Во цртаниот, работата на Снежана беше да се грижи за седумте џуџиња, но во вистински живот, актерката Адријана Каселоти не работела никогаш повторно откако го позајмила гласот на принцезата од Дизни. Ова се случило поради договорот што го потпишала со Дизни. Имено, компанијата не сакала нејзиниот глас да се појави на ниедно друго место. Најлошо е тоа што Каселоти заработила само 970 долари за филмот. Но, не се покајала поради одлуката. Во едно интервју изјавила дека подобро е да се учествува во еден од најдобрите цртани филмови некогаш направени отколку во 10 просечни.

9. „Приказна за играчките“ има многу сличности со „Сјаење“

10 необични факти што нема да можете да ги извадите од глава откако ќе ги прочитате!

Еден од најдобрите хорор филмови под режисерската палка на Стенли Кјубрик има многу заеднички работи со серијалот цртани филмови „Приказна за играчките“. Најочигледната сличност е тепихот во куќата на силеџијата Сид кој личи на тепихот во страшниот хотел Оуверлук во „Сјаење“. Освен тоа, бројот 237 се појавува неколку пати во цртаниот на Дизни. Тоа е истиот број на најпроколнатата соба во хотелот Оуверлук од филмот на Кјубрик.

10. Во цртаните филмови на Дизни нема ликови на мајки

10 необични факти што нема да можете да ги извадите од глава откако ќе ги прочитате!

Малкумина забележале дека приказните на Волт Дизни ставаат акцент на смртта и загубата на мајката: мајката на Бамби беше убиена, Ариел пораснала без мајка, мајка му на Квазимодо доживува насилна смрт на почетокот од филмот, Пепелашка порасна со нејзината маќеа, а Снежана со лошата кралица. Причината за ова била тагата на Дизни по неговата мајка која починала од труење со јаглерод моноксид во куќата што ја купил за родителите. Татко му преживеал, но мајка му немала таква среќа. Волт Дизни чувствувал грижа на совест целиот негов живот.

Прочитајте ги и овие 16 чудни факти кои се покажале како вистинити.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар