10 необични факти што нема да можете да ги извадите од глава откако ќе ги прочитате!
Животот е полн со изненадувања. Понекогаш навидум обичните работи може да испаднат многу комплицирани ако ги погледнеме од поинаков агол. Доколку сте расположени за малку знаење, прочитајте ги следниве необични факти кои сигурно ќе ве изненадат…
1. Помфритот до МекДоналдс се прави од 19 состојки
Покрај стандардната комбинација од компири, масло и сол, помфритот од МекДоналдс содржи природен вкус на говедско, лимонска киселина, натриум пирофосфат (за да ја зачува бојата), диметилполисилоксан (состојка против пенење) и други состојки што не се толку корисни за вашето здравје.
2. Бодликаво растение во Австралија што предизвикува самоубиствени мисли
Самоубиственото растение во Австралија содржи толку моќен невротоксин што може да предизвика самоубиствени мисли. Болката од убодите е толку силна што дури и животните и инсектите се обидуваат да се самоубијат.
3. Секојдневните пијалаци содржат огромна количина на шеќер
Неверојатно е тоа колку шеќер содржат пијалаците што се продаваат во продавниците. Една лименка Кока-кола содржи 10 полни лажички шеќер. Ова ја надминува дозволената количина на шеќер што треба да внесува дневно, дури и да не ги земате предвид останатите пијалаци и оброци.
4. Голем дел од нашите постапки зависат од нашата потсвест
Иако луѓето се развиени и интелигентни суштества, понекогаш неверојатно е тоа колку примитивен начин на работа има човечкиот мозок. Благодарение на неконтролираните потсвесни процеси, може да бидеме среќни само поради тоа што е сончево надвор или можеме да се вљубиме во некого само поради мирисот на личноста. Нашата потсвест исто така може да го предизвика таканаречениот ефект на изложеност, според кој колку почесто гледаме некој или нешто толку повеќе почнува да ни се допаѓа тоа.
5. Удавените луѓе не стигнуваат до површината на езерото Тахо
Езерото на удавени тела или езерото Тахо се наоѓа на планините Сиера Невада и се верува дека во него има илјадници мртви тела, совршено сочувани во езерските длабочини. Водата во езерото е толку ладна што луѓето кои ќе се удават, не пловат на површината, туку тонат на дното. Поради екстремната длабочина на езерото, нуркачите не можат да стигнат до телата без посебна опрема.
Продолжете на следната страница за останатите необични факти…