10 навистина важни мудрости на Махатма Ганди кои ќе ви го променат животот
Мохандас Махатма Ганди е човек кој на свој начин го промени човештвото преку неговите силни пораки. Она што го разликува од другите е тоа што тој бил дијаметрално спротивен од она што денес се подразбира под „успешен политичар“ – тој му служел на својот народ, а не го користел за свои цели. Она што го зборувал и го практикувал. Неговите мудрости ги знаат голем број луѓе, но вистинската вредност се крие во нивната примена. Затоа погледнете ги овие 10 мудри цитати.
„Биди промената што сакаш да ја видиш во светот.“
„Oна за што размислуваш, тоа и стануваш.“
„Каде што има љубов има и живот.“
„Живеј како да ќе умреш утре, учи како да ќе живееш вечно.“
„Твоето здравје е твоето вистинско богатство.“
„Имај смисла за хумор.“
„Акцијата ги изразува приоритетите.“
„Нашата големина е во можноста да се преобразиме.“
„Пронајдете се себеси така што ќе им служите на другите.“
„Пазете на своите мисли затоа што тие стануваат зборови.
Пазете на своите зборови затоа што тие стануваат дела.
Пазете на своите дела затоа што тие стануваат навики.
Пазете на своите навики затоа што тие стануваат дел од карактерот.
Пазете на карактерот затоа што тој станува ваша судбина.“