10 навики кои може секого да го претворат во баксуз - Part 2

10 навики кои може секого да го претворат во баксуз

6. Тие се развиваат само во една насока

10 навики кои може секого да го претворат во баксуз

Сите ние имаме вештини и карактеристики поради кои се чувствуваме гордо. Но, фокусирањето на само една работа е погрешно. Американски научници ги проучувале односите помеѓу квалитетите на една личност и нивните достигнувања, користејќи 10.000 кадети на воена академија како пример. Тие дошле до следниот заклучок: за да бидете успешен потребно е да имате силен карактер, желба да се надоградувате со знаење и вложување во физичкиот развој.

Британските психолози создадоа список што може да ви помогне да успеете и да имате големи достигнувања. Списокот се состои од 6 точки: совесност, прилагодување, прифаќање на различното, љубопитност, преземање ризици и натпреварување.

7. Тие се претставуваат со своето полно име и презиме

10 навики кои може секого да го претворат во баксуз

Статистичките податоци кажуваат дека постои директна поврзаност помеѓу должината на името на лицето и неговата заработка. Затоа, ако имате шанса да користите пократко име, сторете го тоа. Не премногу официјалното име прави да изгледате поотворени за другите луѓе, а со тоа и да ви веруваат повеќе. Истражувачите пресметале дека една дополнителна буква во вашето име може да ја намали вашата плата.

На пример, еден од најбогатите луѓе на планетата е Бил Гејтс. Можеби не би заработил милијарди ако се претставувал со своето полно име – Вилијам Хенри Гејтс III.

8. Тие не ставаат акцент на предностите во изгледот

10 навики кои може секого да го претворат во баксуз

На прв поглед, постои потсвесна врска помеѓу успехот и вашиот струк. Професорката по здравствена психологија, Џејн Огден, тврди дека жените со тенок струк буквално ја пренесуваат следната мисла до околината: „Знам што е самоконтрола“.  Таа остава впечаток дека е способна да го контролира внесот на храната и дефинитивно има моќ.

9. Тие се согласуваат и на нешта кои не се нивен предмет на интерес

10 навики кои може секого да го претворат во баксуз

Да одбиете или да се спротивставите на некого значи да преземете одговорност за последиците од донесените одлуки. Многу е полесно да се насмевнете како одговор на предлозите на другите. Така ќе оставете впечаток дека сте фина личност која никогаш не се спротивставува. Но, љубезноста е всушност маска: луѓето не се водени од тоа да се грижат за другите, туку од намерата да не преземат одговорност поради стравот од критика. Но, тоа не е квалитет што е потребен за успех.

10. Тие ретко се бакнуваат

10 навики кои може секого да го претворат во баксуз

Бакнувањето е многу корисно. Бакнежите не само што го зголемуваат имунитетот и го намалуваат стресот, туку и ги зајакнуваат долгорочните односи. Покрај тоа, покажувањето на вашата љубов и внимание кон партнерот по 2 години е исто толку важно колку и на почетокот на вашата врска. Научниците, исто така, откриле поврзаност помеѓу бакнувањето и вашето ниво на приход. Се чини дека човек кој се чувствува сакано, работи со повеќе ентузијазам.

Можеби сакате да дознаете и зошто луѓето родени во октомври живеат подолго?


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Смислата на животот ја бара преку уметноста и креативноста. Пишувањето е нејзино секојдневие.

Поврзани содржини

Остави коментар