10 навидум едноставни прашања кои никој не може да ги одговори
Понекогаш изгледа како научниците да се близу до решавање на секоја мистерија. Денес има теории за црни дупки, темна материја, почетокот на универзумот, па дури и настанокот на животот. Решени се толку многу комплицирани мистерии што самото размислување за нив ќе ве збуни. Сепак, изгледа дека нема одговор на сите прашања. Ова се можеби наједноставните мистерии за кои сè уште не постои објаснување.
1. Зошто азбуката е во тој редослед?
Иако секој од нас го знае редоследот на буквите во азбуката, сепак не е познато неговото потекло. Најверојатно редоследот е направен од Канаанитите кои живееле во Египет, а потоа се проширил кон остатокот од светот. Нивниот јазик бил адаптиран во фонетска азбука, која потоа била адаптирана во грчка, па во латинска и така натаму. Секој пат кога се појавувал нов јазик, се користел овој редослед, со додавање или одземање на некои гласови.
2. Зошто удира гром?
Се знае многу за процесот на громовите, но според она што е познато за електрицитетот, тие би требало да бидат невозможни. Електричното поле во громовите е 10 пати помало од полето кое е потребно да се создаде молња. Па останува мистерија од каде потекнуваат тие. Се разбира, постојат неколку теории. Некои сметаат дека честичките мраз се судираат и предизвикуваат електрицитет. Други сметаат дека во процесот се вклучени и сончеви зраци. Или пак, можеби навистина само Зевс е гневен.
3. Зошто спиеме?
Речиси секое животно има потребна од спиење. Секој кој има поминато ноќ без спиење знае дека речиси полудуваме без сон. Стануваме темпераменти, а понекогаш се појавуваат и халуцинации. Но всушност не знаеме зошто се случува ова. Научниците знаат дека спиењето му прави нешто на мозокот, и тоа нешто најверојатно е добро. Останува уште да се открие „нештото“. Дали спиењето му ја враќа енергијата на мозокот? Дали ги зајакнува ослабените мозочни врски? Научниците можат само да погодуваат што е одговорот.
4. Колку мускули имаме?
Здравото тело на возрасен човек има 306 коски, 78 органи и многу мускули за кои досега сигурно мислите дека се избројани. Но, никој не е сигурен колку всушност мускули имаме. Познато е дека има околу 700, но точниот број може да биде од 640 до 850. Проблемот е што некои мускули се толку комплексни, што можеби станува збор за 2 разни мускула кои паралелно функционираат. Дури и ако го откријат конечниот број, сепак постојат луѓе кои не го исполнуваат. Некои луѓе имаат повеќе мускули, а некои имаат чудни и неочекувани варијации.
5. Зошто функционираат плацебо лековите?
Сè додека луѓето веруваат во некој лек, тој ќе работи. Ова е неверојатен показател за тоа како функционира човечкиот ум. Плацебо ефектот има толку голем удел во нашето здравје, што новите лекови мораат паралелно да ги тестираат со лажни со цел да видат дали навистина функционираат. За овој феномен познато е дека е поврзан со нашиот ум, и дека плацебо лековите делуваат подобро ако ви ги даде лекар отколку некој друг. Познато е дека и овој ефект е многу моќен. Всушност има случаи кога плацебо лековите намалувале болки исто како и морфиум. Едно истражување пак покажало дека плацебо лековите функционираат дури и ако пациентите знаат за што станува збор. Сепак, сè уште нема одговор на прашањето зошто ова функционира.
Продолжува на следната страница…