10 најзастрашувачки места на Земјата кои не им се познати на туристите
Дали мислите дека во животот ви недостигаат нови авантури? Дали ви е потребен адреналин? Тогаш овие локации се одлични за вас. Следуваат најчудните, најмистериозните и најстрашните места во светот кои сепак вреди да ги посетите.
1. Островот на куклите (Мексико Сити, Мексико)
Според легендата, некое мало девојче се удавило во овој предел. Подоцна, нејзиниот татко пронашол кукла во близина на местото на несреќата. Тој бил сигурен дека духот на неговото девојче се „преселил“ во куклата, па ја закачил на едно дрво. Тој почнал да собира напуштени кукли и ги носел на островот. Со тек на времето го напуштил и своето семејство за да живее овде.
Информација за туристи: Можете да преноќите овде во старата кабина на таткото. До вас ќе лежи неговата ќерка (кукла со природна големина). Но штом ќе падне ноќта ќе ви биде потребна храброст за да го издржите друштвото на куклите со стаклени очи.
2. Катакомбите Капучин (Палермо, Италија)
Во овие катакомби се наоѓаат остатоците од 8.000 луѓе, и тоа од 18-тиот и 19-тиот век. Познатиот француски автор, Ги де Мопасан напишал:
„Нивните глави изгледаат ужасно, устите како да сакаат да прозборат, лицата им се изобличени од нешто што е неискажливо, неподнослив ужас.“
Информација за туристи: Катакомбите можете да ги посетите секој ден, освен во недела. Само внимавајте да не се изгубите. Еден пијаница заспал внатре и се разбудил сред ноќ. Кога конечно го пронашле бил во ужасна состојба и морало да го однесат во метална установа.
3. Тематскиот парк Ха Пар Вила (Сингапур)
Овој „забавен“ парк е целосен контраст на Дизниленд. Овие ужасни изложби се само начин да ги научат младите деца на морал. На пример, целта на сцените со растргнување е да ги научат децата дека не треба да мамат на тестови.
Информација за туристи: Влезот е бесплатен, и не се сите скулптури премногу страшни. Но сепак бидете подготвени, митологијата може да биде навистина застрашувачка.
4. Нагоро: Селото на „живите“ кукли (Јапонија)
Ајано Џукими решила да направи кукли-двојници на нејзините соселани. Овие ужасни фигури се секаде – рибари на реката, ученици и наставници во училиштата, стари парови по клупите… Целото село има околу 350 кукли, додека живи луѓе се само 37.
Информација за туристи: Ако ви е смачено од вашите гласни соседи, неколку денови во Нагоро се совршено бегство. Уживајте во друштвото на овие тивки, мирни и безопасни селани.
5. Висечките ковчези (Сагада, Филипини)
Локалните жители овде не ги закопуваат починатите, туку ги закачуваат ковчезите на карпи. За да добиете право на ваков погреб, мора да исполнувате неколку услови. Еден од нив е да бидете венчани и да имате внуци. Исто така се верува дека колку повисоко е закачен ковчегот, толку душата на починатиот е поблиску до рајот.
Информација за туристи: Ако се одлучите да го посетите ова место, подгответе се да се откажете од неколку удобности. Најдоброто сместување кое ќе го најдете е хотел со 2 ѕвезди, и најверојатно ќе нема топла вода. Но секогаш можете да се избањате со кофа студена вода и да се исушите на студениот планински воздух.
Продолжува на следната страница…