10 најубави природни езера во светот

10 најубави природни езера во светот

Природата е преполна со прекрасни места и пејзажи. Ги има толку многу, што човечкиот живот е прекраток за да можеме да ги видиме и да им се воодушевуваме на сите. Некои се наоѓаат блиску до нас, но некои може да бидат тешко достапни и да ги видат само љубителите на екстремни авантури. Езерата се неизоставен дел од сите тие убавини на природата. Во нив живее разновиден животински и растителен свет, се полнат од природни извори и може да се најдат во котлини, долини, но и во планински предели. Погледнете кои природни езера се сметаат за најубави во светот и зошто е тоа така.

1. Езерото во пештерата Мелисани

10 најубави природни езера во светот

Ова езеро се наоѓа во пештерата Мелисани на островот Кефалонија. Опкружено е со шуми, планини и секако, со морето. Бојата на езерото е кристално сина. Самиот влез во пештерата е опкружен со прекрасни растителни видови. Откриено е во 1951 година и е една од омилените знаменитости на овој остров.

2. Плитвички Езера

10 најубави природни езера во светот

Се наоѓаат во Хрватска, во истоимениот национален парк. Се работи за 16 езера, поголеми и помали, кои се поврзани меѓу себе со водопади. Водата е бистра и тиркизна, а бојата ја добива поради концентрацијата на растворени минерали и рефлексијата на сончевата светлина.

3. Езерото во пештерата Јукатан

10 најубави природни езера во светот

Ова мистериозно езеро се наоѓа на истоимениот полуостров во северниот дел на Мексико. Старо е околу 2 милиони години. Со историјата на ова езеро се поврзани и многу митови и легенди, а локалните жители често го избегнуваат, бидејќи сметаат дека припаѓа на боговите на Маите.

4. Езерото Матесон

10 најубави природни езера во светот

Матесон се наоѓа во Нов Зеланд и е глацијално езеро. Се наоѓа близу до глечерот Фокс во Јужен Вестленд. Опкружено е со планините Тасман и Кук. Природата го создала пред околу 14.000 години и оттогаш е дом на различни видови животни и растенија.

5. Езерото Пејто

10 најубави природни езера во светот

Преку лето, ова необично езеро добива прекрасна зелена боја и тоа го прави и примамливо за туристи, но и одлична локација за фотографирање. Името го добило по Бил Пејто, кој бил водач за туристи во националниот парк Банф, каде и се наоѓа ова глацијално езеро.

6. Бледското Езеро

10 најубави природни езера во светот

Се наоѓа во Словенија, на Јулијските Алпи и е една од најголемите туристички атракции во државата. На островот во езерото се наоѓа и Бледскиот замок, за кој се верува дека е најстар замок во Словенија. Зелените шуми наоколу го прават Бледското езеро уште попривлечно за туристи.

7. Езерото Шангрила

10 најубави природни езера во светот

Во Пакистан, во ресортот Шангрила во Скарду е сместено истоименото езеро. Покрај езерото има ресторан отворен во авион, кој некогаш паднал на ова место. На преживеаните патници кои биле во авионот, тука им помогнале будистички монаси и биле згрижени на место каде што имало овошја и растенија, кои ги опишувале како рајски.

8. Езерото Дал

10 најубави природни езера во светот

Во Индија ова езеро е познато како дијамант во круната од Кашмир. Опкружено е со прекрасни пејзажи, градови и паркови кои се огледуваат на езерската површина. Бродовите со кои се плови се наречени шикари. Исто, во езерото има мал остров на кој има три чинари. Островот се нарекува Чар Чинар.

9. Пештерското езеро Рид Флут

10 најубави природни езера во светот

Ова е едно од најстарите езера во светот. Се верува дека постои уште од 7-от век пред нашата ера. Се наоѓа во Гилин, Кина и е често посетувана туристичка атракција. Со помош на разнобојна вештачка светлина, во оваа пештера се случува вистинско лајт-шоу. Околу пештерата расте еден вид трска од која се изработуваат флејти, па поради тоа и езерото го добило името што го носи (Reed Flute).

10. Охридското Езеро

10 најубави природни езера во светот

Најдлабокото и најстарото езеро во Европа се наоѓа во нашата држава и поради неговата историја, важност и ендемичните видови на растенија и животни, се наоѓа на листата на УНЕСКО за заштитени природни убавини.

Прочитајте повеќе и за овие мистериозни езера формирани во кратери.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Голем љубител на „Star Wars“ и трилер-романи. И многу сакам мачки!

Поврзани содржини

Остави коментар