10 најубави мочуришта на Земјата

10 најубави мочуришта на Земјата

Мочуриштата се сметаат за грозоморни места, места каде живите суштества умираат, а мртвите живеат. Како и да е, тие се дел од важни биосистеми и резервати на бројни цицачи, птици, водоземци и влекачи. Ова е топ 10 листа на некои од најубавите мочуришта ширум Земјата.10 најубави мочуришта на Земјата

1. Големото тажно мочуриште, Вирџинија и Северна Каролина, Америка

Големото мрачно мочуриште се наоѓа на границата на Вирџинија и Северна Каролина и претставува една од последните диви области во Источна Америка. И покрај своето име, ова место е далеку од мрачно и тмурно. Мочуриштето, со векови наназад било уништувано од сеча и лошо управување, но во 1974-та работите почнале да се подобруваат. Според Википедија, во 1973-та бил создаден национален камп за ова мочуриште кога корпорацијата Унион Камп од Франклин, Вирџинија, донирала 49.100 хектари земја. Ова мочуриште изобилува со жив свет и е живеалиште на голем број цицачи како црна мечка, видра и рис. Можат да се најдат преку 200 видови птици, од кои 96 видови тука се гнездат. Има и околу 70 видови влекачи и водоземци.10 најубави мочуришта на Земјата

2. Мочуриштето Окаванго, Боцвана

Окаванго-делтата претставува најголема внатрешна делта на Земјата. Се наоѓа во боцванската пустина Калахари и опфаќа 15.000 километри квадратни. Изобилува со жив свет, особено со бројни видови цицачи и птици, од кои повеќето доаѓаат за време на сезоната на дождови. Тогаш во делтата се акумулираат 11.000.000.000.000 литри вода годишно, од кои 60 % искористуваат растенијата при транспирација, 36 % испарува, а само 2 % од таа вода се влева во езерото Нгами.10 најубави мочуришта на Земјата

3. Мочуриштата Бангвеулу, Замбија

Лоцирани во Замбија, Бангвеулу, што значи „каде небесната вода го допира небото“, се дефинитивно, едни од најубавите мочуришта на Земјата. Сите лагуни и канали од овие мочуришта дејствуваат како регулатори на поплавите во долината Луапула. Според локалните легенди, Бангвеулу е местото каде живеело митолошкото суштество Emela-ntoukа, со големина на слон, но во форма на носорог. Иако има многу приказни кои укажуваат на тоа дека овие суштества постоеле и локалните херои ги гонеле, сепак нема  доволно докази за тие да се потврдат.10 најубави мочуришта на Земјата

4. Сливот Атчафалија, Луизијана, Америка

Ова е најголемиот базен во Америка кој се наоѓа во централна Луизијана. Освен тоа што е прекрасно место, ова мочуриште е единствено кое има растечки делта системи. Околните сливови се формирани од еднолични чемпресни мочуришта и бари. Атчафалија е дом на загрозената црна мечка како и на многу птици и други животни. Поради потребата од контрола на поплави и вода, изградени се насипи за да ја канализираат водата и да дејствуваат како амортизери. Овие насипи се важни барикади при урагани и други природни катастрофи и се од огромно значење при заштитата на крајбрежната животна средина на Луизијана. Уништувањето на овие делта системи е една од поголемите еколошки грижи со кои се справува САД во моментов.10 најубави мочуришта на Земјата

5. Мочуриштето Окефоноки, Џорџија и Флорида, Америка

Се смета за едно од седумте природни чуда на Џорџија, иако со една нога влегува и во Флорида. Со околу 438.000 хектари, тоа претставува најголемиот тресет во Северна Америка, како и во светот. Првобитното име на ова мочуриште доаѓа од изумрениот јазик Хитичи што значи „клокотот на водата“ или „трепетот на земјата“. Во еден период мочуриштето било во опасност да стане жртва на една титаниумска рударска операција, но со протести, подоцна таа била откажана. Познато е по разните видови влекачи и водоземци, а исто така е и дом на многу месојадни растенија.10 најубави мочуришта на Земјата

6. Пантанал, Бразил, Парагвај и Боливија

Пантанал е едно од најголемите водени земјишта, ако не и најголемо во светот и е, исто така, едно од најубавите. Поголемиот дел се наоѓа во Бразил, но делови зафаќаат и дел од териториите на Боливија и Парагвај. Проценетата површина на ова мочуриште е од 145.000 до 190.000 километри квадратни, со што 80 % од територијата, во тек на дождовната сезона, секогаш е под вода. Областа е толку голема, што содржи повеќе регионални екосистеми. Може да се пофали со прекрасните пејзажи како и со тоа дека е живеалиште на преку 10.000 видови птици, риби и безрбентници.10 најубави мочуришта на Земјата

7. Мочуриштето Ла Диг, Сејшели

Ла Диг е четврт по големина населен остров на Сејшелите и неговите мочуришта се втора најголема туристичка атракција, после плажите. Ла Диг е природното живеалишта на црната рајска птица, која е толку загрозен вид што има само околу 100 живи видови.10 најубави мочуришта на Земјата

8. Мочуриштата на реките Тигар и Еуфрат, Западна Азија

Областа помеѓу овие две реки порано била позната како Месопотамија. Денес водата од овие мочуришта кои се наоѓаат тука, го одржува нивото на водата во овие две реки. Опкружени со пустини, овие мочуришта се најголем извор на вода во Персискиот Залив. Во 1994 година, Ирак, под режимот на Садам Хусеин, работеше на тоа да ги исуши овие мочуришта и да го пренасочи водотечението на реките, со цел политичка контрола на локалните Арапи кои зависат од овие води. Ова доведе до загуба на околу 52 нативни видови риби, водни птици, биволи, диви свињи и многу други видови. Исто така, расправиите околу водените права врз ова мочуриште помеѓу Турција, Сирија и Ирак, го деградираа овој извор на вода за многу локални жители. Се надеваме здравиот разум и пред сè желбата да се зачува овој природен резерват ќе надвладеат.10 најубави мочуришта на Земјата

9. Еверглејдс, Флорида, Америка

Оваа водена земја е една од трите мочуришта кои се означени како мочуришта од глобално значење од страна на УНЕСКО. Името потекнува од јазикот на Индијанците Семиноле и значи водено место обраснато со трева. Мочуриштето опфаќа повеќе екосистеми како области со трева, области со чемпреси и мангрови мочуришни области. Овие области се место за гнездење на големите алигатори. Друг екосистем што спаѓа тука е областа на тропските растителни видови кои растат и формираат мали острови. Еден од најголемите проблеми со кои се соочува Еверглејдс е континуираното пренасочување на водата за човечки потреби. Неконтролираното користење на водата доведува до недостаток на вода за наредната сезона. Ова е особено тешко за загрозените видови (популацијата на еден вид загрозена птица е опадната за 90 % во текот на изминатиот половина век).10 најубави мочуришта на Земјата

10. Мочуриштето Кандаба, Филипини

Кандаба на Филипините е едно од најубавите водени подрачја во светот. На околу 32.000 хектари, тоа претставува најголемото светилиште за птици, особено за оние кои мигрираат. Во последниот попис на Филипините, рекордот е срушен и тоа со забележани 17.000 птици за 24 часа. За време на дождовната сезона, областа е целосно под вода, но од ноември до април се суши и има погодно земјиште за одгледување ориз и лубеници.10 најубави мочуришта на Земјата
———————————————————————————————————————————————————————

Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот

Поврзани содржини

  1. Andrejski Reply

    Isto kako dupkita na Badar – Katlanovsko blato 🙂

Остави коментар