10 најубави машки и женски имиња за вашето дете кои ги имаме позајмено од Русите
Русите го имаат збогатено светот со некои од најубавите машки и женски имиња кои се популарни и во нашата земја. Нивната популарност не згаснува, па затоа родителите често одлучуваат да им ги дадат на своите новороденчиња.
Ви претставуваме по 5 машки и женски имиња кои трајно сме ги позајмиле од Русите, а кои и денес се чест избор на родителите за своите деца.
5 женски руски имиња
1. Татјана – Ова име значи огнена кралица. Скратената верзија е Тања.
2. Олга (Оља) – Ова име дошло меѓу Русите во 9. век од шведските Викинзи, и тоа во верзијата Хелга. Во старословенскиот јазик Хелга значи здрава, среќна, света.
3. Маша – Името Маша настанало од името Марија и станува популарно во последно време. Се споменуваат повеќе значења на ова име, меѓу кои госпоѓа и сакана од Бога.
4. Наташа – Значењето на името е родена, ден на раѓање, роденден, но и божена, божица. Во минатото луѓето ова име им го давале на децата родени на Божиќ .
5. Ирина – Значњето на ова име има потекло од грчкото Еирене, кое е име на божица на мирот. Ирина значи мир, спокојство.
5 машки руски имиња
1. Борис – Името е всушност скратена верзија од Борислав. Првиот дел доаѓа од глаголот се бори, а вториот е морфемата слав, која е многу карактеристична за словенските имиња.
2. Вања – Ова име е и машко и женско, а е изведено од името Иван(а). Според тоа, овие имиња имаат исто значење – Бог е милостив.
3. Игор – Настанало од нордиското име Ивар, Ингвар, што значи бранител на морето.
4. Александар (Сашо) – Името е составено од два дела – глаголот алексо, што значи се брани и именката анер (во генитив андрос) што значи човек, јунак.
5. Иван – Ова е најтипичното руско име кое со векови било популарно помеѓу сите слоеви на руското општество, од обичниот селанец, до членовите на царското семејство.
Ако ви е потребна поширока листа на имиња, побарајте инспирација помеѓу списокот на имиња од македонско и црковно потекло.