10 најубави езера во светот

10 најубави езера во светот

Природата со својата убавина секогаш знаела да нè воодушеви. Природните езера низ светот навистина ја имаат моќта да ја смират душата и да донесат мир и спокој во напорното секојдневие. Во оваа селекција се вклучени светските езера, кои ретко кому се познати, а воодушевуваат со својата бистрина, околина и атрактивност. Уживајте.

Плитвички езера, Хрватска

Овие прекрасни езера се наоѓаат во планинскиот предел Лика во Хрватска и се прогласени за Национален парк. Езерата се опколени со три планини, Мала Капела, Плешивица и Динарските Алпи. Овој национален парк се состои од езера, планини, пештери и водопади. Има 16 езера кои се прелеваат во сина, зелена, азурна и сива боја.

10 најубави езера во светот

Езерото Блед, Словенија

Езерото Блед се наоѓа во регионот Горна Карниола. Името го има добиено по Бледскиот замок. Езерото добива дополнителна убавина од одблесокот на замокот, кој се наоѓа на карпест остров на средината од него. Местото е многу позната туристичка атракција поради мистичноста и кралскиот изглед на замокот. Тоа е одлична дестинација за заљубени парови, сликари и спортисти. Езерото и околината нудат можност за занимавање со разни спортски активности како голф, пловење, веслање, рибарење, јавање и пешачење. Блед е домаќин и на светското првенство во веслање. На островот во езерото има 99 скалила, а интересна традиција е младоженецот да ја искачи невестата по нив на денот на свадбата.

10 најубави езера во светот

Езерото Масуко, Јапонија

Езерото Масуко, познато како Машу, претставува прекрасно езеро формирано во „котелот“ на еден активен вулкан. Тоа е дел од Националниот парк Акан, на островот Хокаидо во Јапонија и е едно од најчистите езера во светот. Целото е опколено со кратерски ѕид висок 200 метри. Се претпоставува дека се создало пред околу 32.000 години, а „котелот“ се создал пред околу 7.000 години како резултат на вулканска ерупција.

10 најубави езера во светот

Езерото Шеосар, Пакистан

Езерото Шеосар е познато по неговите зелени полиња кои го опколуваат, чистата вода и прекрасната рефлексија на околината во водата. Свежото ветре и неодоливите зелени пасишта ја смируваат душата и создаваат убавина која мора да се посети. Во превод, името на езерото значи „слепо езеро“. Лоцирано е во Националниот парк Деосаи во северниот дел на Пакистан на надморска височина од 4.142 метри. Долго е 2,3, а широко 1,8 километри.

10 најубави езера во светот

Лох Ломонд, Шкотска

Лох Ломонд е најголемото природно езеро во Шкотска. Зборот Лох во шкотскиот јазик означува езеро. Ова езеро на прекрасен начин ги одвојува низините и висорамнините на централниот дел од Шкотска. Долго е 39 километри, а ширината му варира од 1,2 до 8 километри. Интересно е бидејќи на него има триесетина острови. Тоа е позната туристичка атракција бидејќи по него се плови и се спортува. Според една анкета направена од „Radio Times“, езерото било прогласено за петто чудо во Британија.

10 најубави езера во светот

Езерото Пејто, Канада

Езерото Пејто се наоѓа во Националниот парк Банф во Канада. Тоа добива чиста вода од глечерот, кој го носи истото име, кој во летниот период се топи. Се наоѓа на надморска височина од 1.860 метри. Во летниот период, убави гранули од камен се влеваат во езерото, давајќи ù на водата прекрасна тиркизна боја и брилијантен сјај.

10 најубави езера во светот

Езерото Шангрила, Пакистан

Езерото Шангрила се наоѓа во Сраду, Пакистан. Бидејќи водата во езерото е минерална, меурчињата прават слика како ѕвездите да танцуваат на неговата површина. Водата на езерото е чисто сина, па така рефлексијата на богатите вили околу него е неверојатна. Ова место е многу посетувано од млади брачни парови кои одат таму на меден месец. Езерото е целосно опколено со овоштарници и со цветни градини.

10 најубави езера во светот

Езерото Комо, Италија

Езерото Комо се наоѓа во Ломбардија, Италија. Тоа се полни од глечери кои се топат. Тоа е трето по големина во светот и најубаво на територијата на Италија. Исто така, тоа е едно од најдлабоките езера во Европа (400 метри). Ова место се сметало за елитно, уште во Римската империја. Езерото е опколено со прекрасни вили, а голем дел од нив ги поседуваат славни личности. Гледано од височина, езерото е во форма на буквата „Y“.

10 најубави езера во светот

Езерото Дал, Индија

Езерото Дал се наоѓа во Кашмир, Индија. Тоа едно од најпрекрасните езера во светот и неверојатна туристичка атракција. Познато е под псевдонимот „Скапоцен камен во круната на Кашмир“ или „Скапоцениот камен на Срингар“. Тоа е долго околу 15,5 километри и на него има прекрасни бродски куќи, а опколено е со паркови, хотели и градини. Исто така, на езерото има и прекрасни лебдечки градини. Во овие градини расте цвеќето Лотус, кое на лето го декорира целото езеро.

10 најубави езера во светот

Езерото Женева, Швајцарија и Франција

Езерото Женева е неверојатна природна убавина која ја делат Швајцарија и Франција. Тоа е најголемото езеро во западна Европа. Поголемиот дел, односно 60% ù припаѓа на Швајцарија, а останатите 40 на Франција. Езерото е глечерско, а низ него поминува и реката Рона. Тоа има форма на полумесечина. На него се одржуваат трки со јахти.

10 најубави езера во светот

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран новинар со широк спектар на интереси. Љубител на ТВ серии, фудбал и Цедевита. Статистичар по природа и страстен фан на Јувентус и Роџер Федерер.

Поврзани содржини

  1. bla Reply

    Ezeroto Sheosar e na sred pustina, slikata ne vi e tocha…..

  2. Име Reply

    bez Ohridsko ezero, ovaa lista nema vrska!

  3. jas Reply

    plitvička 🙂

  4. stole Reply

    se soglasuvam so prethodniot komentar , da go nema Ohridsko megju najubavite e golema greska

  5. Гоца Reply

    … навистина Охридско Езеро е брилијантче во однос на овија 😉 …

  6. nenad Reply

    хахах Овие ги напраиле како да се во рајот !Ај фотошоп ,фотошоп 95%се,чуда прави,уште да беа навистина вакви !

  7. Ahahah Reply

    Aloooo, a Ohridsko Ezero deka e? A? Pa malku samodoverba be lugje, aman!

  8. Marta Kunovska Reply

    Nisto posebno

Остави коментар