10 најубави есенски дестинации низ светот

10 најубави есенски дестинации низ светот

Немојте да жалите поради крајот на летото. Есента е волшебна и нуди огромен број предели и градови кои можете да ги посетите и да уживате во нивната природа. Од убави зелено-жолти шуми до „страшни“ фестивали. Еве ја листата на топ 10 најубави есенски дестинации.

10 најубави есенски дестинации низ светот

1. Долината Дуеро, Португалија

Многу делови од Европа, во есен се привлечни туристички дестинации. Високо на оваа листа се наоѓа и долината Дуеро. Таа е една од ретките места во светот каде виното сè уште се добива со гмечење со нозете. На крајот на септември и почетокот на октомври може да бидете дел од локалните манифестации кои се одржуваат во чест на виното. Местото располага со прекрасна природа, речната долина е опкружена со зелени ридови кои ви нудат мир, тишина и спокој.

10 најубави есенски дестинации низ светот

2. Големиот Кањон Ксихаи, Кина

Неодамна отворен за туристи, овој кањон со извонредна природна убавина може да ви биде прекрасно есенско доживување. Овие карпести предели, честопати опкружувани со магла, беа најголемата чувана тајна на Кина. Со својата мистериозна убавина, старите борови, стрмни планини и необични карпести формации, Ксихаи се нарекува и „Магичната живописна област“. Есента е најдобро годишно време за да се посети овој кањон. Менувањето на бојата на лисјата уште толку го прави овој предел помагичен.

10 најубави есенски дестинации низ светот

3. Њу Форест, Англија

Англија е земја која има прекрасни шумски предели во изобилство. Њу Форест е меѓу најубавите, а се наоѓа во Југоисточна Англија. Во овој период од годината таа „гори“ со своите бои. Њу Форест е рај за пешаци и велосипедисти. Има долги патеки ослободени од метеж, фини местенца за пикник, традиционални англиски пабови, продавници за чај и секако, прекрасна природа од која ќе ви застане здивот. Ако ја посетите шумата Њу Форест, не пропуштајте ги малите шумски коњчиња кои скитаат слободни низ овие шуми.

10 најубави есенски дестинации низ светот

4. Фестивалот за Денот на мртвите, Мексико

Денот на мртвите не е толку страшен фестивал, како што би си помислиле. Всушност, овој колоритен мексикански празник е доста весела и фина прослава. Се одржува на 1 ноември, а воедно е и католички празник. На овој ден се собираат семејството и блиските и се сеќаваат на нивните починати, а од друга страна, го празнуваат животот. На овој фестивал се украсуваат улиците, се бојат скелетни фигури, се осветлуваат гробиштата со цветни светилки. Исто така, има голем број паради, придружени со мексиканска музика и традиционална храна.

10 најубави есенски дестинации низ светот

5. Вирџинија, Америка

Есента е совршен период за да ја посетите оваа американска држава. За почеток, има удобна клима и ќе имате шанса да го проследите менувањето на бојата на лисјата од зелена во златно-жолта. Вирџинија располага со густи шуми, убави плажи како и некои од најстарите градови во Северна Америка. За уникатен есенски одмор, можете да изнајмите воздушен балон и да летате над убавите природни предели или пак да го посетете крајбрежјето. Нема да зажалите.

10 најубави есенски дестинации низ светот

6. Октоберфест, Германија

Овој познат фестивал на пивото се одржува секоја година од 17 септември до 3 октомври во Минхен. Оваа 16-дневна прослава е широко позната низ Европа по своите уникатни конобарки и огромниот спектар на пива. Октоберфест, првично бил еднодневна прослава по повод женидбата на принцот Лудвиг, но станал толку популарен што денес претставува мајка на сите пивски фестивали.

10 најубави есенски дестинации низ светот

7. Есенскиот фестивал во Куала Лумпур, Малезија

Овој фестивал се празнува на 15-тиот ден од осмиот месец во кинескиот календар и всушност претставува годишна прослава за главниот град на Малезија. Овој фестивал уште се нарекува и „Mooncake“, бидејќи главна дејност е печењето колачи во сите облици и големини, кои се раздаваат низ народот. Овој ден е познат по прекрасните фенерски поворки, убаво украсените паркови и општата веселба.

10 најубави есенски дестинации низ светот

8. Швајцарија

Оваа централна европска земја, средиштето на Алпите, е волшебна дестинација за кој било период од годината. Но, во есен се случува магијата. Тие прекрасни планински предели, кои ја менуваат бојата се како бајка. Во есен, во Швајцарија можете да посетите многу градови кои изобилуваат со есенски фестивали. Жетвата тука се слави во голема мера и ако ја посетите оваа земја може да налетате на саеми на костени, најразлични улични прослави кои се проследени со уникатни костими изработени од кожи и мов.

10 најубави есенски дестинации низ светот

9. Даблин, Ирска

Есен е одлично време да го посетите и Даблин, со оглед на тоа дека градот е ослободен од големиот број туристи кои го посетуваат во текот на летото. Пабовите и фините меани ви нудат порелаксирана атмосфера за уживање. Ако планирате да го посетите Даблин околу празникот „Ноќ на Вештерките“, нема да згрешите. Всушност, се верува дека легендата за овој празник потекнува од Ирска, па секоја година се празнува во Даблин. Улиците на овој град се преполни со луѓе маскирани во страшила, духови како и митски ирски суштества.

10 најубави есенски дестинации низ светот

10. Нова Англија, Америка

Ниедна листа за топ 10 есенски дестинации нема да биде комплетна без да се спомене Нова Англија. Ова е прекрасно место исполнето со шуми и ливади кои ве исполнуваат со свежина и комфор. Можете да пешачите, да возите велосипед или едноставно, да уживате во она што оваа природа го нуди.

10 најубави есенски дестинации низ светот

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот

Поврзани содржини

Остави коментар