10 најопасни затворски банди во светот

10 најопасни затворски банди во светот

Затворот е место во кое се затвора оној кој сторил одредено кривично дело со цел да го смени своето однесување и во иднина да не ја направи истата грешка. Сепак, тие не успеваат секогаш да ја исполнат целта заради која постојат. Тоа е особено очигледно со сторителите на најтешки кривични дела кои се осудени на над десет години затвор или доживотно. Кога тие влегуваат во затворот знаат дека таму ќе останат многу долго време, почнуваат да се адаптираат на новата средина и не ги интересира ресоцијализацијата. Тие формираат банди во рамките на затворите, или се приклучуваат кон веќе постоечките и предизвикуваат терор и низ самата казнено-поправна институција, а има и такви кои и покрај тоа што се зад решетки и понатаму успеваат да управуваат цели криминални империи во и надвор од затворите. Ова се најопасните десет од нив.

1. Бројките, Јужна Африка

Оваа банда името го добила по поделеноста на улогите во самата организација. Таа има три ограноци: 26-те се задолжени за собирање пари, 27-те имаат задача да се грижат за спроведување на правилата во групата, а 28-те важат за воини. Членовите на оваа банда се страв и трепет за затворите во Јужна Африка затоа што не се плашат од властите. Показател за тоа е фактот што новите членови својата спремност да пристапат ја докажуваат преку вооружен напад на чувар во затворот. Нивните лидери честопати се сметаат за одговорни за по 1.000 убиства.

Бројките имаат и свој сопствен правен систем. Ако некој член на кој било начин ги прекрши правилата кои владеат во бандата ќе биде изведен пред нивниот „суд“. Една од можните санкции е и смрт, која се извршува веднаш по судењето, најчесто со пресекување на гркланот. За помалку сериозните прекршоци казната е засекување на анусот до мера во која се пушта крв, по што ХИВ позитивен затвореник го силува прекршителот.

10 најопасни затворски банди во светот

2. Примеиро Командо да Капитал, Бразил

Групата започнала да постои кога осум затвореници се сретнале во затвор во Сао Пауло во 1993 година, а денес веќе контролираат поголем дел од криминалот во и надвор од затворите во овој бразилски град. Се смета дека затворениците успеваат дури да организираат и шверц на одредени стоки во соседните држави.

Суровоста на Примеиро Командо да Капитал дојде особено до израз во 2006 година во акција во која бразилската полиција се обидела да ги фати одговорните за смртта на 40 полицајци. Во судирот меѓу бандата и властите загинале околу 150 лица. Наводно, затворениците преку мобилни телефони ги организирале акциите на бандата тој ден.

10 најопасни затворски банди во светот

3. Тринитарио, САД и Доминиканската Република

Бандата е основана во 1989 година со цел да им понуди заштита во затворите на хиспано-американските затвореници, но со текот на времето зајакнала толку многу што денес се работи за криминална група која заработува од шверц на дрога, заплашување на сведоци, кражби и убиства. Се претпоставува дека во неа членуваат околу 30.000 лица.

10 најопасни затворски банди во светот

4. Блек Герила Фемили, САД

Блек Герила Фемили е основана во озлогласениот затвор Сен Квентин од страна на поранешен член на Црните пантери и уште еден затвореник. Тие имаат листа на цели, меѓу кои и соборување на власта во САД и искоренување на расизмот од земјата, но нивната најголема активност сепак е насилството во затворите кое произлегува од непризнавањето на авторитетот на службите. Регрутираат нови членови така што ги пикираат црните членови на улични банди кога ќе пристигнат во затвор и ги прибираат кај себе.

10 најопасни затворски банди во светот

5. Нуестра Фамилија, САД

Нуестра Фамилија била основана во Калифорнија како одговор на насилството на Мексиканската мафија над останатите затвореници од латино-американско потекло. Со текот на времето добивала на бројност, а со тоа и на моќ. Затворениците од оваа група имаат силни врски со надворешните членови и честопати успеваат да прошверцуваат дрога низ обезбедувањето на затворите. Нуестра Фамилија и Мексиканската мафија се жестоки противници во и надвор од затворите.

10 најопасни затворски банди во светот

6. Њета, Порторико

Членовите на Њета се залагаат за целосна независност на Порторико од САД, па затоа себеси се доживуваат како угнетени од страна на американските власти. Тоа, секако, им е силен мотив за „бунт“ преку извршување на криминални дејствија. Се претпоставува дека имаат вкупно околу 90.000 членови во целиот свет, но тоа е тешко да се утврди поради тоа што членовите се должни да го чуваат членството во тајност.

Исто така се и многу брутални. Станале познати по еден настан кога користејќи лажици ископале дупка која води до ќелијата на лидерот на ривалската банда, го избоделе 150 пати и го исекле на 84 парчиња. Деловите ги пратиле на повеќе луѓе, меѓу кои и на неговата мајка.

10 најопасни затворски банди во светот

7. Наци Лоурајдерс, САД

Ова е криминална група на белци-расисти. Иако ја користат својата идеологија за да привлечат нови членови, нивната главна цел сепак остануваат парите кои ги заработуваат преку шверц на дрога и грабежи. Нивниот најпознат чин на бруталност се случил во 1996 година кога претепале до смрт црн тинејџер.

10 најопасни затворски банди во светот

8. Ариевското братство, САД

Ариевското братство е уште една наци-расистичка организација која оперира во и надвор од американските затвори. Иако претставуваат само еден процент од вкупната популација која се наоѓа во затворите, се смета дека тие се одговорни за дури 20 проценти од вкупниот број на убиства таму. Има еден интересен случај кога водач на мафијашка група се приклучил на Ариевското братство со цел да се одбрани од друг затвореник кој го малтретирал, по што затворската управа на напаѓачот му доделила поголема заштита во ќелијата.

10 најопасни затворски банди во светот

9. Мексиканска мафија, САД

Мексиканската мафија се смета за најактивна и најмоќна затворска банда во САД. Убиваат за какво било прекршување на нивните правила на игра. Се занимаваат главно со шверц на дрога, која постојано успева да се протне и во самите затвори.

10 најопасни затворски банди во светот

10. Братството, Шведска

Иако скандинавските земји се познати по нивната прогресивност во казнената политика, сепак една од најопасните групи на светот доаѓа од Шведска. Познати се по бруталната примена насилство, и во ќелиите и надвор од нив. Во 2007 година, во еден ноќен клуб во Гетеборг убиле член на друга банда кој навредил нивен член поради тетоважата која ја имал. Иако се доста мала група од само 60-70 членови, сепак важат за многу опасни.

10 најопасни затворски банди во светот


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Го интересираат општествените науки и сето она што ја истражува повеќедимензионалноста на светот и човековото однесување, но од тоа само правото му е професија. Вљубеник во филмот, фотографијата, читањето и сите спортови на овој свет. Пишувањето му е задоволство кое му овозможува да биде во контакт со нив секој ден.

Поврзани содржини

  1. Boyka Reply

    Би требало да ја ставите и Mara Salvatrucha (MS-13)

Остави коментар