10 најчудни работи што биле најдени во стомаци на ајкули
Следниот пат кога ќе чувствувате грижа на совест поради тоа што сте изеле цела пица, сетете се дека ваша исхрана најверојатно е многу подобра од онаа на ајкулите. Тигровите ајкули се познати како „морски корпи за отпадоци“, но тие не се единствените видови ајкули што редовно јадат бизарни работи. Повеќето ајкули јадат 2-3% од нивната телесна тежина секој ден и понекогаш знаат малку да се занесат. Ова се 10-те најчудни работи што биле најдени во стомаци на ајкули…
1. Регистарски таблички
Регистарски таблички од речиси секоја земја биле најдени во стомаците на тигровите ајкули. Научниците мислат дека ајкулите ги привлекуваат регистарските таблички бидејќи кога се на светлина, тие светат како рибни крлушки.
2. Кафез полн со кокошки
Има логика тоа што ајкулите би сакале да изедат кокошки, но како воопшто цел кафез со кокошки завршил во океанот?!
3. Цел оклоп
Ова се случило во 16-ти век кога луѓето почесто носеле оклопи, но сепак фасцинантен е фактот што некоја ајкула успеала да го голтне целиот.
4. Коњска глава
Ајкулата што изела коњска глава како ужина очигледно била дел од мафија.
5. Вреќа со пари
Уште една ајкула која најверојатно учествувала во организиран криминал.
Продолжете на следната страница за да ги погледнете и останатите чудни работи што биле најдени во стомаците на ајкулите…