10 најчудни овошја во светот

10 најчудни овошја во светот

За сите нас, тропските овошја се налик малку чудни, но и многу вкусни. Доколку кога бевте деца мислевте дека ананасот е чуден, чекајте да ги погледнете овие овошја за кои сигурни сме дека ако ги видите во живо, нема да ви падне на памет дека можат да се јадат. 🙂

1. Кивано

Киваното е овошје кое потекнува од јужна и централна Африка, кое е уште познато и како афиканска краставица, англиски домат и желе-лубеница. Иако се смета дека е предок на класичните лубеници, сепак се смета за посебен вид овошје. Од надвор е жолто со специфични мали трнчиња кои изобилуваат со витамин C, а однатре е со изразита зелена боја. Киваното се јаде, но често се употребува само како декорација во овошни салати бидејќи има вкус, сличен на краставицата.

10 најчудни овошја во светот

2. Змејско овошје

Ова овошје има многу различни имиња, во зависност во кој регион се одгледува. Најчесто во англискиот јазик е познато како змејско овошје, но нативното име му е питаја. Тоа потекнува од Мексико и Јужна Америка, но се одгледува и во Источна Азија и Индонезија. Питајата е плод на кактус, кој во Мексико го нарекуваат „сладок кактус“. Однадвор изгледа како модерно декориран пламен, а внатрешноста му е бела со црни семиња. Има сличен вкус како лубеница.

10 најчудни овошја во светот

3. Дуриан

Дуриан е големо овошје кое во Југоисточна Азија е познато како „кралот на овошјата“. Карактеристично е по своите боцки кои потсеќаат на обвивката на дивиот костен. Може да порасне до 30 см и да тежи 3 кг. Ова овошје потекнува од Брунеј, Филипини, Индонезија и Малезија. Некои луѓе сметаат дека има пријатен вкус, за други е груб и јак. Вкусот на дурианот предизвикува секакви реакции кај луѓето, од убаво и пријатно за јадење, до длабоки гадења и опис како мешавина на бадем со скапан кромид, па дури некои велат дека има мирис на нечисти чорапи.

10 најчудни овошја во светот

4. Раката на Буда

Раката на Буда е цитрусно овошје кое на јапонски се вика „бушукан“ односно цитрусната рака. Ова овошје расте на грмушка со долги и неправилни трње, која најчесто вирее во Индија, Кина и Јапонија. Има лушпа која лесно се вади и во суштина е суво овошје без течност, а понекогаш нема ни семки. Името на овошјето се поврзува со будистичките обичаи и тоа најчесто се користи при кажување на молитви кога се избира затворено овошје (односно со собрани краци).

10 најчудни овошја во светот

5. Овошје пасифлора

Пасифлората потекнува од Парагвај, Бразил и Северна Аргентина, но се одгледува во многу делови на Азија, Средна Америка и Австралија. Овошјето е округло со жолта внатрешност исполнета со семки. Пасифлората изобилува со бета каротен, калиум и диетални влакна. Сокот од пасифлора е добар извор на витамин Ц и е добар за луѓе со висок крвен притисок.

10 најчудни овошја во светот


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот

Поврзани содржини

Остави коментар