10-те најбогати луѓе што некогаш оделе по земјата – денешните милијардери за нив се сиромашни!
Повеќето луѓе веруваат дека милијардерите како Бил Гејтс и Ворен Бафет се најбогатите луѓе кои некогаш живееле на Земјата. Меѓутоа, тие не се ништо во споредба со следниве 10 луѓе кои живееле во претходниот милениум. Во моментов најбогата личност на светот е Џеф Безос чиешто богатство се проценува на 131 милијарда. Се прашувате кои биле побогатите од него? Продолжете со читање!
1. Кралот Муса I од Мали (400 милијарди долари)
Најбогатата личност која одела по земја некогаш бил Муса I од Мали, познат и под името Манса Муса. Додека владеел со државата Мали имал богатство кое денес се проценува на околу 400 милијарди долари. Роден е во 1280-та година и до 1337 година живеел како обичен религиозен муслиман. Изградил многу образовни центри и џамии ширум Африка.
2. Џон Рокфелер (340 милијарди долари)
Тој е еден од основачите на „Standard Oil“, компанија за производство, транспорт, преработка и маркетинг за нафта. Останал запаметен како голем филантроп и основач е на два универзитети. Универзитетот Чикаго и Универзитетот Рокфелер. Починал во 1937-ма година на 97 години.
3. Ендру Карнеги (310 милијарди долари)
Карнеги е шкотско-американски индустријалец кој станал познат во средината на 18 век. Роден е во Шкотска во сиромашно семејство кое се преселило во Америка во 40-тите години на минатиот век во потрага по подобар живот. После неколку успешни инвестиции во неколку фирми, Карнеги основал своја компанија за производство на челик која му донесла богатство од неверојатни 310 милијарди долари. Освен по богатството, Ендру Карнеги остана запаметен и по големите донации во хуманитарни цели и како исклучителен филантроп.
4. Николај Александрович Романов (300 милијарди долари)
Личниот приход на царот и големиот војвода во Русија – Николај Александрович Романов, доаѓал од земјите што ги поседувал, имотите и акциите во индустрискиот и трговскиот сектор. Руската православна црква после смртта го канонизирала и го добил прекарот „најбогатиот светец во историјата“.
5. Мир Осман Али Кан (230 милијарди долари)
Многумина никогаш не чуле за овој човек, иако тој бил еден од најбогатите луѓе кои некогаш светот ги видел. Додека владеел со индиската држава Хајдерабад стекнал богатство вредно 230 милијарди долари. Индија го памети како човек кој помогнал да се развие образовниот систем, воведување струја и отворање на железниците во Хајдерабад.
6. Јакоб Фугер (221 милијарди долари)
Овој Германец најверојатно е најмалку познат милијардер во историјата. Парите ги заработил благодарение на неговите банкарски и трговски способности, главно продавајќи текстил во Италија. Исто така бил познат и по ископување злато и сребро во Унгарија и Чешка.
7. Вилијам I Освојувач (209-299 милијарди долари)
Вилијам I Освојувач бил првиот крал на Англија после норманското освојување во 1066-та година. Го основал Обединетото кралство, војската и морнарицата, ја составил Книгата за страшниот суд и го започнал градењето на камените тврдини од кои прва била кулата изградена во 1078-та година.
8. Муамер Гадафи (200 милијарди долари)
Се верува дека Гадафи стекнал околу 200 милијарди долари во текот на 42-годишното владеење со Либија. Иако важи за контроверзен владетел и политичар, Гадафи за својата земја направил неколку значајни нешта. Тој ја изградил вештачката река која ги снабдува пустинските области во Либија, што според некои експерти е најголем проект за наводнување во историјата на човештвото.
9. Хенри Форд (199 милијарди долари)
Основачот на прочуената фирма за производство на автомобили е еден од најистакнатите бизнисмени во Америка чиешто богатство стигнало блиску до 200 милијарди долари. Покрај успешната компанија бил познат и по неговиот револуционерен пристап во системот за производство на автомобили иако бил млад и нов во светот на индустријата и бизнисот. Неговата работилница во тоа време имала плати значајно повисоки од просекот и развил концепт на монтажна линија. Сето тоа допринело Форд да направи евтини возила кои обичните граѓани можеле да ги купат.
10. Корнелиус Вандербилт (185 милијарди долари)
Еден од најпознатите американски бизнисмени која историјата го памети бил Корнелиус Вандербилт. Се занимавал со изградба на железници и бродски транспорт во 1800-тите години. Во текот на најуспешните години заработил дури 185 милијарди долари, главно во текот на експанзијата на неговото железничко царство после граѓанската војна во Америка.
Дознајте кои нешта богатите ретко ги купуваат, а сиромашните се задолжуваат за да ги имаат.