10 начини на комуницирање што се најблизу до универзален јазик
Дали е можно некогаш да имаме универзален начин за комуницирање? Замислете да можете да разговарате со кој било на Земјата и да можете да се разберете. Некои луѓе сметаат дека универзалната комуникација ќе се овозможи со технологијата. Дигиталните преведувачи кои ни се достапни денес стануваат сè побрзи и поточни, но треба уште многу да се унапредуваат. За еден преведувач да се смета за универзален, потребно е да преведува барем 7.000 различни јазици. Погледнете ги 10-те форми на комуникација кои постојат и кои се најблизу до универзална комуникација.
1. Изрази на лицето
Сигурно можете да одредите дали некој е тажен или среќен според изразот на неговото лице. Луѓето ги искажуваат најосновните емоции со изрази на лицето, а ова е примарна форма на комуникација. Овие изрази веројатно се древни, бидејќи се речиси идентични во секоја култура. Познатиот Чарлс Дарвин го забележал токму ова и неговата трета книга, „Изразување на емоциите кај луѓето и животните“ (The Expression of the Emotions on Man and Animals), е за ова сознание. Додека изразите на лицето може да се универзални, сепак не се доволно прецизни. Со нив можете да дадете сигнал дека ви се плаче, но не можете да му кажете на некој како да зготви нешто или како да си го поправи автомобилот.
2. Гестикулации
Гестикулациите ги надополнуваат изразите на лицето. Можете некому да му покажете насока (горе, доле, лево или десно) или пак, да покажете кон нешто или кон вас. Проблемот овде е што гестикулациите многу се разликуваат во разни култури. На пример, кај Јапонците воопшто не е учтиво да покажете кон некого. Во западната култура гледањето во очите во текот на разговор е знак за учтивост, додека во Јапонија тоа е знак на бес.
3. Симболи и знаци
Невербалните сигнали може и да се запишат. Постојат знаци наречени „хобо“ кои почнале да се користат во Америка од 1880-тите до Втората светска војна. Некои од нив означуваат опасност, некои се користеле за да се обележи куќа на полицаец, а некои покомплицирани означувале помош и слично. Овој вид комуникација се користел за да му овозможите некому да ве следи и суптилно да му кажете што го чека кога ќе стигне на некое место. Предноста на симболите е што се независни од кој било јазик. Недостатокот е што морате да ги видете за да ги користите за комуницирање.
4. Емотикони
Емотиконите се модерната верзија на „хобо“ знаците, и се познати низ целиот свет. Тие започнале со најосновните човечки изрази (насмевка, тага и слично), а денес претставуваат многу зборови претставени во визуелна форма. Вокабуларот на овој јазик без зборови е толку богат, што бил направен проект во кој познатата книга „Моби Дик“ била преведена на овој „јазик“. Сепак, емотиконите се премногу едноставни и поврзувањето на зборови со симболи си има своја граница.
5. Знаковен јазик
Во 1500-тите години, бенедиктинските свештеници давале завет за молчење. Еден од овие свештеници, Педро Понче, денес е познат како татко на образованието на глувите. Тој ја измислил првата азбука за знаковниот јазик. Можеби најпознатиот корисник на овој јазик е Хелен Келер. Поради болест во детството, таа останала слепа и глува, но пишувала и предавала, се борела за правата на луѓето со посебни потреби и била хуманитарец. Таа била херој и го променила погледот кон луѓето кои не можеле да гледаат, да слушаат или да зборуваат. Знаковниот јазик може да се пишува со слики и постојат неколку обиди да се направи цел систем на пишување. Сепак, овој јазик зависи и од некој говорен јазик и постојат повеќе од 100 негови верзии.
Продолжува на следната страница…