10 начини на коишто Земјата се промени во 2018-та година
Земјата постојано се менува, а 2018-та која беше исполнета со урагани, ерупции и земјотреси не е исклучок. Погледнете како се промени Земјата изминативе 12 месеци.
1. Ерупцијата на Килауеа
Неверојатната ерупција на вулканот во 2018-та година беше најголемата во последните 200 години. Од доцниот април до почетокот на август, хавајскиот вулкан исфрли доволно лава за да наполни 320.000 олимписки базени. Лавата покри површина од околу 35,5 километри квадратни и додаде околу 2,5 километри квадратни површина на брегот.
2. Островите на Нов Зеланд што се помрднуваат
Јужниот Остров на Нов Зеланд сега е речиси 30 центиметри поблиску до Северниот. Причината беше земјотресот со магнитуда 7,8 во 2016-та година. Оттогаш кората на Земјата продолжила да се движи и островите се доближиле еден до друг.
3. Големата Раседна Долина во Африка
Големата Раседна Долина во Источна Африка се движи веќе милиони години. И покрај тоа, големата бразда што се појави во Југозападна Кенија во март ги изненади сите. Брадата од 15 метри сè уште расте и се појави по период од обилни дождови и сеизмичка активност.
4. Збогување со глечерот
Во октомври, глечер со големина на Менхетен се оддели од Антарктикот, речиси еден месец откако се појавила пукнатината. Додека во овој предел глечерите се одделувале на секои 6 години, сега одделувањето се случува преку една, па дури и секоја година. Не е точно позната причината, но промената на климата може да има улога.
5. Пожарите во Калифорнија
Најсмртоносниот пожар во историјата започна на 8-ми ноември и конечно беше смирен на 25-ти ноември. Изгоре површина од 620 километри квадратни и беше одговорен за смртта на 86 луѓе. Покрај овој, Калифорнија беше соочена со уште неколку ужасни пожари.
Продолжува на следната страница…