10 начини да станете бесмртни според древните митови

10 начини да станете бесмртни според древните митови

Желбата за бесмртност постои отсекогаш. Таа е универзален концепт без разлика на тоа дали потекнува од стравот од смртта, љубовта кон животот, желбата за знаење, па дури и чувството на непобедливост. Многу древни култури имале разни техники за постигнување бесмртност. Во продолжение погледнете ги 10-те најпознати идеи кои преживеале најдолго.

1. Јапонска митологија: Изедете сирена

(1)10-nachini-da-stanete-besmrtni-spored-drevnite-mitovi-kafepauza.mk

Древните Јапонци верувале во суштество кое го опишувале како мешавина од мајмун и крап. Исто како и сирените, и овие суштества живееле во морето, а ако некој ги фати предизвикувале лоша среќа или невреме. Постои еден јапонски мит во кој еден човек случајно ѝ дал месо од ова суштество на својата ќерка. Откако ќерката го изела, била проколната со бесмртност. Нејзиното постоење станало депресивно откако гледала како ѝ умираат децата и сопрузите. Па поради тоа, таа го посветила својот живот на Буда. Оваа одлука ѝ помогнала да умре кога имала 800 години.

2. Христијанска митологија: Потсмевање на Исус

(2)10-nachini-da-stanete-besmrtni-spored-drevnite-mitovi-kafepauza.mk

Според една легенда имало некој Евреин кој му се потсмевал на Исус додека тој бил распнат на крстот. Евреинот го удрил Исус со својот чевел и му рекол да побрза. Исус му одговорил дека иако тој си заминувал, Евреинот ќе останел додека Исус повторно се врати. Кога сфатил што направил, Евреинот станал христијанин и си го променил името во Јосиф. Но, клетвата имала и несакани ефекти. Јосиф не можел да седи или да се одмора, освен на Божиќ. На крајот на секој век тој се разболувал, добивал напади, а потоа повторно станувал 30-годишен маж.

3. Грчка митологија: Разгневете некој бог

(3)10-nachini-da-stanete-besmrtni-spored-drevnite-mitovi-kafepauza.mk

Во грчката митологија често има приказни за горди луѓе кои ги предизвикуваат или се обидуваат да ги излажат боговите. Многу од нив биле казнети со вечност. Во една приказна, Сизиф го измамил Зевс и го заробил Танат, персонификацијата на смртта. Тогаш никој не можел да умре, и Арес, богот на војната, бил многу бесен поради ова. Како казна, Сизиф бил натеран секој ден да турка огромен камен по еден рид, кој секоја вечер повторно паѓал долу.

4. Таоизам: Цинабарит

(4)10-nachini-da-stanete-besmrtni-spored-drevnite-mitovi-kafepauza.mk

Цинабаритот е руда од жива. Исто така се смета и за основната состојка за еликсирот за бесмртност, кој Таоистите го нарекувале хуандан. Според верувањата, оваа напивка ги оттргнувала сите несовршености од телото кои не му дозволувале да живее вечно. За жал, многу од овие еликсири биле смртоносни, па многу луѓе умирале од нив.

5. Сумерска митологија: Непознато растение

(5)10-nachini-da-stanete-besmrtni-spored-drevnite-mitovi-kafepauza.mk

Како што е запишано во епот „Гилгамеш“, херојот го барал изворот на бесмртноста за да го спаси својот пријател Енкиду. Неговата потрага го одвела до Утнапиштим на кого боговите му подариле вечен живот за да изгради арка со која ќе ја преживее големата поплава. Слично како библиската приказна за Ное. Утнапиштим му кажал на Гилгамеш за едно растение со непознато потекло кое дава бесмртност. Гилгамеш го пронашол растението, но му било украдено од змија, па не знаеме дали навистина работи.

Продолжува на следната страница


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар