10 мотивирачки цитати од Мартин Лутер Кинг

10 мотивирачки цитати од Мартин Лутер Кинг

На 15 јануари се одбележа 87-от роденден на д-р Мартин Лутер Кинг. Иако тој не ѝ се обраќаше директно на нашата генерација, многу од неговите учења важат и денес. После долгите скандали, политичкото клеветење и омразата кон неговите проповеди, важно е да се навратиме на неговите зборови како една форма на просветлување.

10 мотивирачки цитати од Мартин Лутер Кинг

„Можеби сите дојдовме со различни бродови, но сега сите сме во истиот брод.“

Без разлика од каде доаѓате и каде одите, мора да запомните дека државата во која моментално се наоѓате не ви припаѓа лично вам. Вие го делите ова парче земја со голем број други луѓе и токму затоа треба да се стремите кон живеење во мир со нив.

„Темнината не може да ја истера темнината; само светлината го може тоа. Омразата не може да ја истера омразата; само љубовта го може тоа.“

Без разлика дали се работи за сексуална ориентација, расни односи или религија, постои расправа во секое семејство. Кога започнува предизборната кампања, 24 часа сме бомбардирани со омраза и дискриминирање на противниците. Нашата генерација милениумци мора да научи да го селектира ѓубрето кое им се сервира и да почне да придонесува за подобрување на општеството. Ништо нема да се промени ако седиме и чекаме.

„Верба е кога не се плашиме да го направиме првиот чекор, иако не го гледаме целото скалиште.“

Имајте верба во себе и во вашите верувања, без разлика на реакциите и цената која треба да ја платите.

„Никогаш не подлегнувајте на искушението на огорченоста.“

Кога губиме, лесно е да мразиме. Научете да го оставите минатото зад себе и да гледате напред кон иднината. Тоа е единствениот начин за напредување.

„Нашите животи завршуваат оној ден кога ќе останеме тивки за прашањата кои нѐ засегаат.“

Сметаме дека тука не е потребно дополнително објаснување.

„Секогаш е вистинско време за преземање на правилниот чекор.“

Никогаш не е предоцна да се вклучите во некое движење. Борбата за она во кое веруваме нѐ прави човечки суштества. Се надеваме дека оваа генерација ќе се избори за вистинските вредности.

„Промената не е неизбежна, туку се остварува преку непрекината борба.“

Борбата за човекови права не е лесна. Мартин Лутер Кинг се соочил со напади врз неговото семејство, неговите приврзаници, како и врз него самиот, за да го убеди американскиот народ дека мора да постои еднаквост. И покрај насилството и заканите врз него, тој успеал да ги отвори очите на владата, а уште поважно и на многу луѓе ширум светот.

Но, борбата за човекови права никогаш не завршува. Денес сѐ уште се соочуваме со расна, полова и сексуална дискриминација и сите мора да придонесеме кон борбата против нееднаквоста.

„Ако не можете да летате, трчајте, ако не можете да трчате, одете, ако не можете ни да одите тогаш ползете, но што и да правите никогаш не застанувајте.“

Никогаш не престанувајте да се борите. Никогаш не престанувајте да поставувате прашања. Никогаш не застанувајте.

„Вистинската вредност на човекот не се мери во моментите на удобност и благосостојба, туку во времињата кои носат предизвици и контроверзии.“

Без разлика дали се работи за движењето за права на црната раса или заштитата на мажите и жените од ЛГБТ заедницата, нашето општество е соочено со предизвици и контроверзии. Застанете во одбрана на тие што немаат право на глас. Дигнете го гласот за оние кои се плашат да зборуваат.

„Доаѓа момент кога секој мора да заземе позиција која не е безбедна, ниту политичка, ниту пак популарна, но морало да ја направат само затоа што ја послушале својата совест.“

Тој момент е сега.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Инженер под влијание на силни филмски маси. Далеку од реалноста, блиску до паметот. Иако крајот на филмот Живот го знаеме сите, сепак убаво е да уживаме додека трае.

Поврзани содржини

Остави коментар