10 морничави и нејасни нерешени мистерии

10 морничави и нејасни нерешени мистерии

Мистериите навистина ја будат нашата љубопитност, сè додека не се решат. Од паранормални причини до теории на заговор, тие речиси секогаш завршуваат со некое банално објаснување, што нè тера да се запрашаме како воопшто ни текнувале тие „луди“ идеи. Сепак, постојат многу случаи кои останале нерешени, и кои без сомнение ќе ве натераат да се замислите.

1. Убиството на Џулија Валас

(1)10-mornichavi-i-nejasni-neresheni-misterii-kafepauza.mk

Џулија била домаќинка од Англија. На 19 јануари, 1931 година, нејзиниот сопруг отишол во својот шаховски клуб, како и секогаш претходно. Кога се вратил дома, му кажале дека имало порака за него од маж кој се претставил како Куалтру. Вилијам не го препознал името, но пораката била да оди на улицата Менлов Гарденс Ист, број 25. Следниот ден, Вилијам го направил токму тоа и ја оставил сопругата сама.

Откако поминал цел час барајќи ја, тој открил дека адресата не постоела и потоа кога се вратил дома, жена му била претепана и убиена. Полицијата го уапсила Вилијам две недели подоцна под сомнеж дека сам си ја пратил пораката, бидејќи повикот бил од говорница во близина на неговиот шаховски клуб. Иако повеќето од доказите ја докажувале неговата невиност, Вилијам бил осуден на смрт.

По долго време, случајот на Вилијам повторно се отворил. Овој пат судот одлучил дека тој е невин и го пуштил на слобода. До денес не е уапсена ниту една личност за ова злодело и случајот останува нерешен.

2. Големиот сив човек од Бен Макдуи

(2)10-mornichavi-i-nejasni-neresheni-misterii-kafepauza.mk

Овој мит кој потсетува на оној за Јети или за Бигфут, е за големиот сив човек од Шкотска. Според митот, човекот се наоѓа на Бен Макдуи, највисокиот врв на Керарморската планина. Митот е „роден“ во 1889 година, кога професорот Норман Коли наводно го видел суштеството. Иако баш и не го здогледал, тој изјавил:

„Слушнав и други чекори покрај моите. На секој мој чекор слушав крцкање, како некој да оди по мене, но со 3 или 4 пати поголеми чекори од моите.“

Од тогаш имало многу видувања, вклучувајќи го и она на Питер Деншам, член на тимот за спасување на Бен Макдуи. Планинарот Александар Тевнион исто така тврди дека го здогледал сивиот човек, па дури и испукал три куршуми во него. Постои феномен каде што сенката на набљудувачот паѓа на облаците спроти сонцето, па можеби ова ги предизвикува илузиите за сивиот човек. Сепак, нема објаснување за неговите чекори.

3. Светлата во Хесдејлен

(3)10-mornichavi-i-nejasni-neresheni-misterii-kafepauza.mk

Овој феномен датира уште од 1811-та година и се појавува во долината Хесдејлен, во Норвешка. Во раните 1980-ти појавувањето на светлата зачестило и имало околу 20 видувања неделно. Од тогаш овој број се намалил на 10 до 20 видувања годишно. Обично светлата се бели или жолти и лебдеат над земјата. Биле спроведени многу научни истражувања за да се пронајде изворот на оваа светлина, но досега не е пронајдено никакво објаснување.

4. Мистеријата во Амхерст

(4)10-mornichavi-i-nejasni-neresheni-misterii-kafepauza.mk

Во втората половина на 19-тиот век, во малиот грд Амхерст во Нова Шкотска, жената по име Естер Кокс била, како што тврди таа, посетена од духови. Естер живеела во куќа со сестра ѝ и семејството. Откако речиси била убиена од еден нејзин пријател, Естер доживеала паничен напад, а потоа почнала да верува дека куќата ѝ станала опседната. По некое време поминато во домот на другата сестра, Естер се вратила во својата куќа, но посетите од духовите продолжиле. Тие ѝ се заканувале дека ќе ѝ ја запалат куќата, па таа се преселила во друга, но духовите и овде биле присутни.

Волтер Хубел, кој ги истражувал паранормалните појави, се вселил во куќата на Естер. Тој истражувал неколку недели и напишал многу популарна книга за неговите искуства. Тој тврди дека видел летачки предмети и напади кон Естер од некоја невидлива сила. До денес нема објаснување за овој случај, но многумина сметаат дека станува збор за измама.

5. Исчезнувањето на Бенџамин Батурст

(5)10-mornichavi-i-nejasni-neresheni-misterii-kafepauza.mk

Бенџамин бил англиски дипломат од 19-тиот век и човек со огромен потенцијал. Во 1809 година, откако завршил дипломатска мисија во Австрија, тој тргнал кон дома но морал да ја заобиколи Франција. (Тој се обидувал да ги убеди Австријците да ги нападнат Французите.) Вооружен до заби, решил да патува низ Германија користејќи го името Кош.

На 25-ти ноември, Бенџамин и неговиот придружник, еден Германец по име Краус, застанале во малиот град Перлеберг пред да продолжат со патот. Додека биле во една меана, Бенџамин излегол на кратко, а веднаш по него излегол и Краус. Но, Бенџамин го немало никаде. Краус се вратил во Англија и им кажал на британските власти за исчезнувањето на Бенџамин. Почнала голема истрага, но немало никакви резултати. Биле пронајдени неколку делчиња од неговата облека, но од телото на Бенџамин немало никаква трага. Останало мислењето дека веројатно бил уапсен од Французите, а потоа убиен во затворот. Или пак, бил жртва на бандитите кои патувале низ Европа во 19-тиот век.

Продолжува на следната страница…


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар