10 моќни љубовни магии што се користат на различни места во светот
Се ближи Денот на вљубените! Доколку сѐ уште не сте го освоиле срцето на симпатијата, сигурно сте подготвени да направите сѐ што е потребно за да пронајдете љубов. Зошто да не се обидете со некоја од следниве љубовни магии што се користат во различни земји во светот? Продолжете со читање и одберете ја вашата омилена магија…
Кина: Годините се важни
Сигурно не ви се важни годините кога се работи за љубовта, но во Кина возраста е многу важен фактор. Во оваа земја се верува дека ако помеѓу партнерите постои разлика од 3 или 6 години, врската ќе биде неуспешна и несреќна. Наместо тоа, треба да барате партнер кој ќе биде 4 или 5 години повозрасен или помлад од вас.
Хаити: Бегајте од метли
Дали метењето е вашата најомразена домашна обврска? Имате среќа! Ако живеете во Хаити како сингл девојка треба да бегате од сите луѓе кои метат со метла во близина на вашите нозе. Се верува дека ако метлата се доближи до вашите нозе, никогаш нема да најдете вистинска љубов.
Ерменија: Јадете посолен леб
По напорните денови, нема ништо поубаво од огромна чаша црвено вино, сирење и крцкав леб. Но, не заборавајте да додадете малку сол ако сакате да се вљубите. Во Ерменија, сингл девојките треба да јадат посолен леб за време на празникот Свети Саргис. Ако го испочитувате светецот на љубовта, Ерменците веруваат дека ќе имате сон каде што ќе го запознаете мажот со кој ќе се венчате. Но, како ќе знаете дали е тој? Вашиот иден сопруг ќе ви понуди вода за да си ја згаснете жедта по внесената сол.
Шведска: Кријте парички во чевлите
Според традицијата, родителите мора да стават парички во чевлите на невестата како знак за успешна и здрава брачна заедница. Мајката треба да стави златна паричка во десниот чевел, а таткото треба да стави сребрена паричка во левиот чевел. Не заборавајте ги паричките доколку планирате да се венчате во оваа земја!
Русија: Подарете непарен број цвеќиња
Дали сте ја изгубиле главата по некоја девојка? Можеби планирате неверојатни љубовни состаноци и постојано ѝ праќате пораки затоа што не можете да престанете да мислите на неа. Но, за да бидете сигурни дека вашата љубов ќе успее, рускиот фолклор тврди дека цвеќињата можат да ви помогнат. Само подарете ѝ непарен број цвеќиња! Тоа се смета за знак на почит и восхит. Од друга страна, пак, подарувањето парен број цвеќиња е погодно за погреби.
Шведска: Внимавајте каде газите
Ако некогаш живеете во Шведска, внимавајте да не ја згазите буквата „А“. Буквата „А“ го претставува зборот за канализација, односно „avloppsvatten“, додека буквата „К“ е знак за чиста вода или „kallvatten“. Швеѓаните ова го поврзуваат со љубовта и скршеното срце. Ако стапнете на „К“, тоа значи дека ќе ви се случи нешто убаво, додека, пак, ако стапнете на „А“ тоа значи дека нема да имате среќа.
Индија: Венчајте се со дрво со банани
Не можете да одберете каде и кога ќе се родите, но во Индија, вашиот хороскопски знак може да ви донесе добри или лоши вести за вашиот љубовен живот. Според легендата, жените кои се „manglik“ се родени под влијание на Сатурн и Марс во 7-мата куќа на бракот, љубовта и врските. Се верува дека овие девојки не само што немаат среќа, туку и дека се проколнати. За да се заштитат од злите духови, Индијците измислиле многу чудна традиција. Имено, овие девојки мора да се венчаат со дрво со банани. Потоа, дрвото се сече и на тој начин девојката се ослободува од клетвата и може да се омажи со маж.
Русија: Секогаш седете во средина
Кога ќе излезете со пријатели кои се среќно вљубени, сигурно ви е многу тешко да ги слушате како зборуваат за нивните врски. Но, Русите советуваат дека не треба да ги одбегнувате, туку дека треба да седнувате меѓу нив! Ако се криете во некој агол, се верува дека нема да се венчате 7 години. Ова верување се појавило пред многу векови кога „старите моми“ и роднините со финансиски проблеми морале да седат понастрана од другите луѓе.
Индија: Добро погледнете ја вашата хена тетоважа
Ако некогаш сте виделе како изгледа индиска венчавка, сигурно сте се восхитувале на привремената хена тетоважа на раката на невестата. Оваа безвременска традиција е навистина прекрасна! Но, ако погледнете повнимателно, ќе откриете едно суеверие кои се провлекувало низ генерациите. За време на тетовирањето, тату артистот ги крие иницијалите на младоженецот некаде во тетоважата. Потоа, младоженецот мора да ги најде. Ако успее во тоа, тоа значи дека младенците ќе имаат среќен брак. Но, ако не ги најде, нема да се случи ништо страшно, бидејќи ќе треба само да купи подарок за невестата како надоместок.
Фиџи: Дајте му подарок на таткото на невестата
Конечно сте решиле да клекнете на колено и да го поставите најважното прашање во вашиот живот. Но, ако го правите ова на Фиџи, не само што ќе ја побарате раката на вашата сакана, туку ќе треба и да му дадете подарок на татко ѝ. Притоа, не смеете да подарите пури или ракија. Наместо тоа, треба да подарите заб од кит. Да, добро прочитавте! Ако успеете да го сторите тоа, се верува дека вашиот брак ќе биде среќен и успешен.
Сега откако дознавте што треба да направите за да имате среќа во љубовта, прочитајте нешто повеќе за следниве 7 интересни романтични традиции низ светот.