10 многу интересни психолошки експерименти
Уште од минатото психолозите се обидувале да ја откријат мистеријата на човековото однесување. Зошто не ѝ помагаме на личноста коjа е во неволја кога сме опкружени со други луѓе? Зошто избираме погрешни одговори само затоа што поголемиот дел од луѓето околу нас ги избрале? Ова се само дел од прашањата кои ги мачеле психолозите, па затоа и решиле да ги направат овие 10 екстремно интересни истражувања.
1. Експеримент на исчезнато дете
Луѓето често не забележуваат што се случува во нивното опкружување, а за да го докажат тоа психолозите го направиле експериментот на исчезнато дете. На вратата од една продавница бил поставен плакат со слика и информации за исчезнатото дете. Некои луѓе воопшто не го забележале, додека други пак само го погледнале и продолжиле понатаму. Во овој експеримент никој не забележал дека исчезнатото дете стои веднаш до продавницата!
Овој експеримент покажува дека иако мислиме дека сме свесни за нашата околина, сепак се лажеме. Сличен експеримент направила и телевизијата Локал 6 од Орландо, кои залепиле плакати низ целиот трговски центар од исчезнатото 8-годишно девојче, Бритни Бегони. Бритни седела сама, на клупа, неколку метри оддалечена од плакатот. Само неколку од минувачите ја прашале дали е добро. Секако, никој не го поврзал исчезнатото девојче од плакатот со малата Бритни.
2. Познатиот виолинист во подземна железница
Светски познатиот виолинист, Џошуа Бел еден ден одлучил да глуми обичен уличен свирач во една подземна железница во Вашингтон, за да види колку од луѓето ќе застанат да ја слушнат неговата музика. Со фактот дека свирел на виолина вредна 3.500.000 долари, рачно изработена, и дека неодамна имал успешно распродаден концерт во Бостон каде што просечната цена на картите била 100 долари, многу малку од минувачите се задржале да ја слушнат неговата прекрасна музика.
Овој психолошки експеримент се случил на 12 јануари 2007 година. Траел 45 минути, а тој заработил само 32 долари и ни малку внимание!
3. Експериментот Robbers Cave
Овој експеримент е класичен пример за предрасуди и решавање на конфликти. 22 момчиња, на 11-годишна возраст биле поделени во две групи и однесени на летен камп во државниот парк Robbers Cave, Оклахома. Групите биле сместени во посебни кабини, и што е најважно едната група не знаела за другата и обратно. За време на една недела, децата кои биле во истата група меѓусебно се спријателиле, но кога двете групи се сретнале тогаш тие почнале да покажуваат знаци на вербално злоупотребување.
Експериментот имал за цел да ги зголеми конфликтите помеѓу двете групи, па истражувачите примениле и низа активности во кои двете групи се натпреваруваат. После овие активности, двете групи биле толку многу непријателски настроени што одбиле да јадат во иста просторија. Завршната фаза на експериментот имала за цел двете непријателски групи да ги претвори во пријатели. Забавните активности, гледањето филмови и друго не успеале да ги спријателат двете групи. Истражувачите сепак имале скриена карта во ракавот и организирале вежби во кои двете групи морале да соработуваат за да стигнат до целта. На крајот, двете групи се спријателиле што сакале да си одат дома со ист автобус.
Овој експеримент покажува дека конфликтите може да се решат со заедничка соработка.
4. Пијано скали
Психолошкиот експеримент кој сакал да докаже дека може да ги промени навиките на луѓето (на подобро) со тоа што секојдневните досадни навики ќе ги претвори во забава, се покажал како многу успешен. Во 2009 година во Стокхолм, Шведска група работници преку ноќ ги претвориле скалите во една подземна железница, во потполно функционален клавир. Секој пат кога некој минувач ќе застанел на одредена скала таа ја свирела таа нота. Тој ден, 66% од минувачите ги избрале пијано скалите наместо ескалаторот.
5. Заразно проѕевање
Сите ние знаеме дека проѕевањето е заразно, но дали сте знаеле дека со него може да ги заразите и кучињата? Една студија на Универзитетот во Лондон открила дека 72% од кучињата се заразиле со проѕевање откако гледале луѓе кои тоа го прават. Во просек на кучињата им биле потребни 99 секунди за да почнат да се проѕеваат. Иако научниците сè уште не се сигурни зошто се случува ова, сметаат дека за појавата е оговорен кучешкиот „капацитет за емпатија“.
Еден сличен експеримент со желки има добиено и Нобелова награда, каде што докажале дека нема докази за заразното проѕевање кај желките.
6. Парадигмата на Аш
Во овој експеримент на испитаниците им е дадена една линија, а потоа барале да ја споредат со останатите три и да ја погодат точната големина. Се гледа едноставно, зар не? Сепак, поголем дел од испитаниците одбрале погрешна линија. Тоа е последица на тоа што во собата каде што бил сместен испитаникот биле поставени глумци кои кажале погрешен одговор.
Со овој експеримент се покажало дека луѓето го кажуваат она што поголем дел од околината го мисли наместо своето сопствено мислење. Дури 80% се одлучиле за погрешна линија.
7. Хало ефект
Ало ефектот е тенденција поединецот да се доживува позитивно или пак негативно врз основа на претходни генерализации и предрасуди. На пример, ако некоја личност има добро однесување, луѓето ќе имаат поголема доверба во него.
При еден експеримент, на еден сајт за поврзување на луѓе, еден маж направил две видеа. Во првото видео тој го прочитал сценариото со оптимистички тон, а во второто видео го прочитал уште еднаш, но со меланхоличен тон. На две групи, составени од девојки, кои биле во различни соби им биле пуштени видеата, така што на првите им било пуштено првото видео, а додека на вторите другото видео. Девојките на кои им било пуштено првото видео рекле дека мажот е симпатичен и привлечен и дека би излегле со него. Девојките од втората соба изјавиле дека мажот е непријатен и дека никогаш не би излегле со него, иако во двете видеа се читал потполно ист текст.
8. Експеримент со бобо кукла
Алберт Бандура во 1961 година, направил експеримент со Бобо кукла (кукла на надувување) за да докаже дека човековото однесување произлегува од друштвените имитации, а не од генетските фактори.
Во експериментот учествувале деца на возраст од 35 до 69 месеци. Тој ги поделил на три групи. Првата група била сместена со возрасни луѓе кои се однесувале агресивно со бобо куклата. Втората група биле сместена со возрасни луѓе кои мирно си играле со бобо куклата. Третата група била контролна група. Резултатите биле следни: децата кои биле сместени со оние кои агресивно се однесувале кон бобо куклата и самите покажале агресивно однесување кон куклата, за разлика од децата кои биле изложени на мирно играње со куклата.
9. Кампањата: Бесплатни прегратки
Сите ние понекогаш имаме лош ден и сè што ни е потребно е прегратка за да се чувствуваме подобро. Хуан Мен решил да направи социјален експеримент и да ја провери оваа теорија.
Тој застанал со знак на кој пишувало „бесплатни прегратки“ и почнал со мисијата на ширење радост во градот. Неговата кампања „бесплатни прегратки“ предизвика голем позитивен одговор од јавноста бидејќи луѓето му приоѓале и добивале прегратки. Ова траело сè додека полицијата не ја забранила оваа кампања. Но, неочекувано е тоа што за многу кратко време се потпишала петиција со собрани од повеќе 10.000 потписи, со поддршка да се продолжи оваа кампања. Ова докажува дека сè уште постојат хумани луѓе.
10. Ефект на набљудувач
Во некој итен случај, повеќето од нас би сакале да бидат на место каде што се движат голем број луѓе за да би можеле да ни помогнат. Но, да бидеш опкружен со луѓе не ја гарантира потребната помош.
Психолошкиот феномен наречен „апатија на набљудувачот“ потврдува дека голем број луѓе би помогнале некому кога е во неволја ако се сами или пак ако има мал број на луѓе. Минувачите мислат дека ако има голем број луѓе некој друг ќе застане и ќе помогне и тоа не мора да бидат тие. Научниците ова го нарекуваат дифузија на одговорноста.
Овој ефект е неодамна тестиран на улиците во Лондон. Резултатите покажале дека социјалниот статус игра голема улога дали лицето ќе добие помош или пак не, иако поголем дел од нив поминале без воопшто да застанат.
Друг сличен експеримент јасно илустрирал како луѓето се однесуваат кога се (или не се) опкружени со други луѓе. Во експериментот, испитаниците биле замолени да пополнат прашалник. Додека го пополнувале во собата имало пуштено мирис на чад. Кога испитаниците биле сами во собата дури 75% од нив го пријавиле мирисот на чад. Но кога во собата имало поголем број, го пријавиле само 38%. Некои од психолозите тврдат дека оваа појава е резултат на пристојност.
Во поголем дел од западните земји е непријатно да гледаш во друг во јавност. Како резултат на ова, кога има голем број минувачи, поединците не го насочуваат своето внимание на луѓето околу нив, па затоа не ги забележуваат оние на кои им е потребна помош.