10 митови за алкохолот во кои не треба да верувате

10 митови за алкохолот во кои не треба да верувате

Постојат многу митови за алкохолот, а многу од нас често донесуваат одлуки базирани на нив без да се запрашаме дали се точни или не. Погледнете ги 10-те најпознати митови за алкохолот и дознајте дали се вистинити.

1. Мамурлакот ве дехидрира

(1)10-mitovi-za-alkoholot-vo-koi-ne-treba-da-veruvate-kafepauza.mk

Всушност, алкохолот е тој кој ја нарушува рамнотежата на вода и сол во организмот, а ова ве прави жедни. Количината на вода во телото не се менува, но нема доволно вода во крвните садови.

2. Колку е постаро виното, толку е подобро

(2)10-mitovi-za-alkoholot-vo-koi-ne-treba-da-veruvate-kafepauza.mk

Секое шише вино си има рок на траење и не можете да го чувате засекогаш. Секој вид вино си има идеална старост. Некои вина се подобри ако се консумираат во првата година и не можете да ги чувате подолго. Постојат и видови кои не би требало да се пијат порано од 10-20 години бидејќи ќе имаат лош вкус.

3. Алкохолот ве стоплува

(3)10-mitovi-za-alkoholot-vo-koi-ne-treba-da-veruvate-kafepauza.mk

После неколку чашки, секој се чувствува потопло бидејќи алкохолот ја носи крвта до кожата. Сепак, во тој момент таа се оттргнува од другите делови од телото, вклучувајќи ги и внатрешните органи. Како резултат на ова, вашето тело ја намалува отпорноста на ниските температури иако нема видливи знаци за тоа.

4. Не можете да мешате разни пијалаци

(4)10-mitovi-za-alkoholot-vo-koi-ne-treba-da-veruvate-kafepauza.mk

Како ќе се чувствувате зависи од количината алкохол која сте ја испиле, а не разновидноста на пијачки. Единствениот начин да се објасни овој мит е тоа што е многу полесно да следите колку сте испиле ако пиете еден вид алкохол.

5. Алкохолот штити од радијација

(5)10-mitovi-za-alkoholot-vo-koi-ne-treba-da-veruvate-kafepauza.mk

Потеклото на овој мит е непознато. Алкохолот не нуди никаква заштита од радијација. Ако имате потреба од тоа постои посебна заштита.

Погледнете ги и останатите митови на следната страница


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар