10 мистериозни загатки

10 мистериозни загатки

Интересни, мистериозни загатки што ќе ја разбудат вашата имагинација и вашите скриени, детективски способности…

(1)-11-misteriozni-zagatki-kafepauza.mk

1. Леден чај

Две девојки излегле заедно на вечера. Двете порачале леден чај. За времето во кое првата девојка ја испила првата чаша, втората испила пет чаши леден чај.

Девојката која испила само една чаша умрела, додека другата преживеала. Во сите пијачки имало отров.

Како преживеала девојката што испила повеќе чаши ладен чај?

2. Касета

Непознат маж е пронајден мртов со касетофон во едната рака и пиштол во другата.

Кога пристигнала полицијата, веднаш го притиснале копчето PLAY на касетофонот.

На касетата било снимено „Немам зошто да живеам повеќе. Не можам да продолжам“, а потоа истрел од пиштол.

После преслушувањето на касетата полицајците знаеле дека се работи за убиство, а не за самоубиство.

Како го знаеле тоа?

3. Броеви

Детектив кој бил влезен во трагата на меѓународен синџир на шверц со нафта ненадејно исчезнал.

Додека го проверувале местото на кое бил последно виден, полицајците нашле белешка на која било запишано:

710 57735 34 5508 51 7718

Моментално има тројца осомничени: Bill, John и Todd.

Можете ли да го пробиете детективскиот код и да го откриете името на криминалецот?

4. Богати луѓе

Човек е пронајден мртов во недела наутро. Неговата жена повикала полиција и полицијата ги испрашувала жената и послугата. Тие ги приложиле следните алибија:

  • Жената рекла дека спиела
  • Батлерот го чистел шпајзот
  • Градинарот собирал зеленчук
  • Слугинката била да ја земе поштата
  • Готвачот подготвувал појадок

Полицијата веднаш го уапсила убиецот.

Кој бил убиецот и како полицијата била сигурна?

5. Широк костум

На улицата Фримонт било извршено криминално дело. Главен осомничен е човек по име Шон Бејкер. Според сведоците, непознат човек чекорел по патеката кога ненадејно бил погоден од куршум во стомакот.

Осомничениот има кафеава коса, сини очи и носел широк Армани костум, исто како Шон Бејкер. Од Шон било побарано да ја раскаже приказната од почеток.

„Па“, рекол Шон, „Се врткав околу паркот кога го видов човекот кој доаѓаше по патеката. Одеднаш, зад него се појави непознат тип и го застрела! Јас избегав дома најбрзо што можев.“

Полицијата од него побарала да го опише убиецот.

„Тој имаше црвени мустаќи, црвена коса и широк Армани костум.“

„Мислам дека овој човек лаже“, рекол еден од полицајците.

Како бил сигурен во тоа?

(2)-11-misteriozni-zagatki-kafepauza.mk

6. Соби

Убиец е осуден на смртна казна. Има можност да избира помеѓу три соби:

Во првата беснее пожар, во втората има убијци со пиштоли и во третата лавови кои не јаделе со години.

Која соба е најбезбедна?

7. Коли, ножеви и жени

Маж ја убива својата сопруга во нивната кола со нож. Нема сведоци.

Ја исфрла од колата, внимавајќи да не остави отпечатоци на нејзиното тело.

Следно, го фрла ножот од една карпа во длабока провалија, каде што никогаш нема да биде пронајден и си заминува дома.

Еден час подоцна добива повик од полицијата при што му кажуваат дека неговата жена е убиена и дека треба да дојде на местото на злосторот најбрзо што може.

Штом пристигнува го апсат.

Како знаеле дека тој е убиецот?

8. Планинарење

Пар отишле на планинарење во друга земја. Само мажот се вратил од одмор и кажал дека жена му се лизнала додека се качувале и паднала. При истражувањето на случајот, локалниот шериф го уапсил мажот известувајќи го: „Се јавија од туристичката агенција. Си ја убил жена ти.“

Мажот не известил никого за патувањето. Како знаеле од туристичката агенција дека тој е убиецот?

9. Погреб

На погребот на својата мајка, девојка сретнала непознат маж.

Таа била заинтригирана од мажот и заинтересирана да го запознае подобро.

Но, додека разговарала со други луѓе присутни на погребот, сфатила дека не го знае неговото име, ниту пак неговиот телефонски број. Кога го побарала, тој веќе бил заминат.

Една недела подоцна, таа го убила нејзиниот постар брат за да го најде човекот.

Зошто?

10. Живот во колиба

Богат човек живее сам во мала колиба. Бидејќи бил делумно парализиран, сѐ му било доставувано до неговата колиба.

Еден четврток кога вообичаено доставувал писма, поштарот забележал дека предната врата е отворена. Низ вратата можел да го види телото на мажот како лежи во вир од крв.

Кога дошол детективот, ја испитал сцената. На тремот имало две шишиња топло млеко, понеделнички весници, каталог, флаери и неотворени писма.

Детективот се посомневал дека се случило убиство.

Во кого се посомневал и зошто?

Ако приложените докази не ви беа доволни за да го откриете убиецот, тогаш погледнете ги одговорите на втората страница или кликнете овде.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Инженер под влијание на силни филмски маси. Далеку од реалноста, блиску до паметот. Иако крајот на филмот Живот го знаеме сите, сепак убаво е да уживаме додека трае.

Поврзани содржини

Остави коментар