10 мистериозни работи кои биле пронајдени под вода

10 мистериозни работи кои биле пронајдени под вода

Во 2000-та година, Националната океанска и атмосферска администрација изјави дека 95% од океаните и 99% од океанското дно не се истражени. Ова отвора простор за многу мистерии и богатства кои можеби воопшто не се допрени од луѓето. Но секогаш има луѓе кои сакаат да истражат подлабоко, а нивните истражувања резултирале со интересни пронајдоци. Погледнете ги 10-те најчудни работи кои биле пронајдени на океанското дно.

1. Подводниот Стоунхенџ

(1)10-misteriozni-raboti-koi-bile-pronajdeni-pod-voda-kafepauza.mk

Група нуркачи од Шведска во 2012 година пронашле нешто чудно на дното на Балтичкото Море. Многумина ова откритие го нарекуваат „новиот Стоунхенџ“ бидејќи никој не знае за што служела градбата, или пак кој ја ставил таму. Секако, тука се и теориите на заговор кои тврдат дека како и вистинскиот Стоунхенџ, и ова „дело“ е поставено во океаните од некој вонземски вид…

2. Мистериозниот кружен камен

(2)10-misteriozni-raboti-koi-bile-pronajdeni-pod-voda-kafepauza.mk

Овој камен бил пронајден во 2003 година во Галилејското море. Пронајдокот тежи 60.000 тони, направен е од базалт и е 2 пати поголем од Стоунхенџ. Функцијата на каменот не е позната, но некои научници веруваат дека станува збор за древна гробница. Или пак може и за ова се виновни вонземјаните?

3. Првиот компјутер

(3)10-misteriozni-raboti-koi-bile-pronajdeni-pod-voda-kafepauza.mk

Механизмот Антикитера е најневеројатното откритие до денес и е еден од најстарите комплексни механизми со запчаници. Иако илјадници години стоел на морското дно, овој механизам бил во релативно добра состојба која им овозможила на научниците да погодуваат која му била намената. Се верува дека овој механизам бил дизајниран за да ги предвидува сончевите и месечевите еклипси. Иако е откриен уште во 1900-та година, неговата употреба сепак е мистерија.

4. Изгубениот град Хераклеон

(4)10-misteriozni-raboti-koi-bile-pronajdeni-pod-voda-kafepauza.mk

Хераклеон бил древен египетски град кој исчезнал во вториот век п.н.е. Во раните 2000-ти, речиси 1.000 години по неговото исчезнување, биле откриени остатоци од градот во Средоземното море, на длабочина од 46 метри. Прво археолозите откриле златни парички, потоа статуи од 5 метра, а кога отишле подлабоко откриле 64 потонати бродови. Иако веќе со години се работи на наоѓалиштето, научниците сè уште не знаат зошто градот потонал.

5. Патот Бимини

(5)10-misteriozni-raboti-koi-bile-pronajdeni-pod-voda-kafepauza.mk

Лоциран во близина на Западен Бимини, остров на Бахамите, овој пат е направен од варовник кој се наоѓа под океанската површина. Варовникот е склопен како калдрма, па многумина веруваат дека станува збор за остаток од некоја цивилизација. Сепак, научниците сметаат дека овој пат, и уште два во негова близина, се природни формации.

Продолжува на следната страница


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар