10 мистериозни исчезнувања на голем број патници
Сигурно имате слушнато за чудни исчезнувања на луѓе од авиони и бродови. Но, понекогаш се случува да исчезнат и целите авиони и бродови. Некои ги наоѓаат по неколку денови, но некои никогаш не се пронајдени. Прочитајте ги приказните за 10-те најчудни исчезнувања од овој вид.
1. Авионот на Амелија Ерхарт
Ова исчезнување е најпознато во историјата. Во 1937-ма година Амелија патувала во нејзиниот авион околу светот, следејќи го екваторот. Патувањето го извела со навигаторот Фред Нунан. Некаде над Тихиот Океан авионот исчезнал. Сите екипи кои тргнале да го бараат се враќале без резултат. Од овде потекнале многу шпекулации за тоа што навистина им се случило на Амелија и Фред. Во 2017-та година се прослави теоријата дека преживеале, но биле фатени од јапонската војска на Маршалските острови. Теоријата потекнува од фотографија која е направена таму во 1937-ма година. На фотографијата се гледа маж за кој се мисли дека е Фред, како и грбот на жена за која се смисли дека е Амелија.
2. Бродот Мадагаскар
Во 1853-та година, Мадагаскар запловил од Мелбурн кон Лондон. Ова бил трговски брод кој носел стока, како и патници. Не само што исчезнал, туку бродот никогаш не бил пронајден. Како и секоја ваква приказна, и за Мадагаскар има многу теории. Но, овде не е интересно само исчезнувањето, туку и она што се случило пред бродот да тргне за Лондон. Пред исчезнувањето на бродот биле качени 110 патници, волна, ориз и 2 тона злато. Тројца од патниците биле уапсени веднаш пред тргнувањето на бродот. Ова води до теоријата дека на бродот се наоѓале уште криминалци. Наводно, тие го ограбиле бродот и ги убиле останатите патници. Сепак, причината за исчезнувањето и денес е мистерија.
3. Авионот Стардаст
Во 1947-ма година овој авион мистериозно исчезнал во текот на патувањето над Андите. Моменти пред исчезнувањето пилотот испратил порака со Морзеов код која гласела: STENDEC. Исчезнувањето, заедно со чудната порака ја збуни јавноста па многумина веруваат дека станувало збор за киднапирање од страна на вонземјани. Денес јавноста конечно открила што му се случило на авионот. Неколку планинари на Андите пронашле делови од авионот, како и остатоци од неколку патници кои биле на него. Истражувачите сметаат дека авионот се урнал поради снежна бура.
4. Бродот Аурора
Аурора била парна јахта. Првично била направена за ловење китови, но завршила на Антарктикот на 5 разни експедиции. Бродот се докажал како неуништлив секој пат. Изгледало како ништо да не може да го потопи. Во 1917-та година, тој исчезнал додека патувал кон Чиле носејќи јаглен. Бродот никогаш не бил виден и се верува дека станал жртва на Првата светска војна. Бродот кој се справувал и со најлошите временски услови не успеал да преживее, а никој не знае зошто.
5. Уругвајски авион
Не само што авионот Air Force Flight 571 се урнал, туку патниците преживеале вистински пекол пред да бидат спасени. Во 1972-та година, авионот се упатил кон Чиле и носел 45 патници и екипаж. Авионот исчезнал над Андите. Во несреќата умреле неколку патници, а останатите морале да преживеат во сурови услови 72 дена. Тешко е да се замисли колку исплашени и беспомошни биле патниците. Но за работите да бидат уште полоши, снежна лавина убила уште осуммина. Покрај сите трагедии и недостаток од ресурси, патниците морале да се свртат кон канибализам за да преживеат. На крајот преживеале само 16 луѓе.
Продолжува на следната страница…