10 мистериозни фотографии од минатото за кои сѐ уште имаме многу прашања - Part 2

10 мистериозни фотографии од минатото за кои сѐ уште имаме многу прашања

6. Човекот тенк

(6)10-misteriozni-fotografii-za-koi-se-ushte-imame-mnogu-prasanja-kafepauza.mk

Оваа фотографија е направена во Пекинг за време на протестите во 1989 година. На плоштадот Тиананмен, непознат човек ја задржал линијата тенкови половина час, блокирајќи го патот со неговото тело. Иако фотографијата стигнала до насловната страна на многу познати весници, сѐ уште е непознато кој е човекот и што се случило со него.

7. Мобилен телефон во филм на Чарли Чаплин

(7)10-misteriozni-fotografii-za-koi-se-ushte-imame-mnogu-prasanja-kafepauza.mk

Во 2010 година било објавено ДВД од филмот на Чарли Чаплин „Циркус“ (The Circus) од 1928 година, кое содржело бонус снимки од снимањето. Во една од тие сцени се појавува жена која држи нешто што многу наликува на мобилен телефон. Режисерот Џорџ Кларк тврди дека овие снимки се доказ за патување низ времето. Сепак, многу скептици се сигурни дека оваа снимка е само маркетиншки трик.

8. Астронаутот од Солвеј Фирт

(8)10-misteriozni-fotografii-za-koi-se-ushte-imame-mnogu-prasanja-kafepauza.mk

Во 1964 година, Џим Темплтон ја фотографирал неговата 5-годишна ќерка. Иако Темплтонови тврдат дека немало никој таму освен нив, кога ја развиле фотографијата на неа се појавила фигура, веднаш зад главата на девојчето. Анализата на фотографијата покажала дека таа не била подложена на никакви промени.

9. Ескадрилата на сер Годард

(9)10-misteriozni-fotografii-za-koi-se-ushte-imame-mnogu-prasanja-kafepauza.mk

Фото албумот на ескадрилата на сер Годард која се борела во Првата светска војна, содржи една чудна фотографија. Откако ја развиле фотографијата, целиот тим го препознал нивниот пријател Фреди Џексон во позадина. Фреди Џексон загинал два дена пред да настане фотографијата, а ексадрилата се фотографирала на денот на неговиот погреб.

10. Пирамиди на Месечината

(10)10-misteriozni-fotografii-za-koi-se-ushte-imame-mnogu-prasanja-kafepauza.mk

Оваа фотографија е направена за време на мисијата Аполо-17, и во архивите била забележана како премногу осветлена. Но, откако експертите поработиле на нејзиниот контраст, тие забележале нешто што многу наликувало на пирамида. Ова им дава причина на многу луѓе да веруваат дека има пирамиди на другата страна на Месечината.

Можеби ќе ве интересираат и најголемите нерешени мистерии во светот!


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар