10 мистериозни фотографии од минатото за кои сѐ уште имаме многу прашања
Овие фотографии се направени од луѓе со сосема обична опрема за фотографирање и со сигурност не биле преработувани. Но ова само го зголемува бројот на прашањата. Погледнете некои од најмистериозните фотографии кои некогаш биле направени.
1. Чудовиште на брегот на островот Хук
На Интернет кружи мислењето дека оваа фотографија е направена со Фотошоп. Но, оригиналната фотографија настанала во 1965 година кога Фотошоп не ни постоел. Фотографот Роберт Ле Серек забележал чуден објект во близина на островот Хук во Австралија и веднаш го фотографирал. Ова „чудовиште“ сѐ уште е тема на разговор кај многу зоолози.
2. Светлина во долината Хесдален
Оваа фотографија е направена од норвешки фотограф и не е единствена која е доказ за постоењето чудни светлечки објекти кои летаат над долината Хесдален. Спектралната анализа покажала дека овој објект е составен од силикон, железо и скандиум. Научниците сѐ уште не знаат за што станува збор.
3. Црниот Витез
Неидентификуваниот објект прв пат бил забележан од сателит во 1960 година, и специјалистите во НАСА веднаш го нарекле Црниот Витез. Оттогаш мистериозниот објект бил виден повеќепати: Тој се појавува и изчезнува од орбитата на Земјата. Научниците велат дека Витезот е од вештачко потекло.
4. Дамата Бабушка
На 22 ноември 1963 година, во Далас, американскиот претседател Џон Кенеди беше застрелан. Тој ден, фотографите направиле многу фотографии од местото на злосторството, а некои од нив прикажуваат мистериозна жена која држи камера во едната рака. Специјалните служби многу време пробувале да ја пронајдат бидејќи имало веројатност дека го снимала убиството на претседателот. Како и да е, сите обиди да се идентификува биле неуспешни. Непознатата жена е наречена Дамата Бабушка поради начинот на кој го носела својот шал, како старите дами од Русија.
5. Човекот кој паѓа
Оваа фотографија ја направил Ричард Дру на денот кога бил извршен терористичкиот напад на 11-ти септември. Фотографијата го обиколила светот за неколку часа. Многу луѓе ја забележале чудната позиција на телото на човекот: Тој паѓа речиси исправено што е многу тешко да се направи. Идентитетот на човекот никогаш не бил откриен, но многу Американци тврделе дека препознале нивни роднина на сликата.
Продолжете на следната страница за повеќе мистериозни фотографии…