10 мистерии што ја опкружуваат Мона Лиза, најпознатото дело на Леонардо да Винчи

10 мистерии што ја опкружуваат Мона Лиза, најпознатото дело на Леонардо да Винчи

Луѓето често велат дека една слика вреди илјада зборови. Иако ова е вистина за повеќето слики и фотографии, ремек-делото на Да Винчи со векови ги буни критичарите, историчарите и јавноста. Сликата денес се наоѓа во Лувр и често е нарекувана најпознатото, најпосетеното и најмистериозното уметничко дело во светот. Подлабоката анализа на жената со мистериозна насмевка открива многу повеќе од она што го гледате на прв поглед.

1. Која е Мона Лиза?

10 мистерии што ја опкружуваат Мона Лиза, најпознатото дело на Леонардо да Винчи

Вистинскиот идентитет на жената прикажана на сликата останува мистерија и до денес. Многу луѓе веруваат дека станува збор за 24-годишната Лиза Марија де Џералдини, односно Лиза дел Џокондо, благородничка родна во Фиренца во 1947-ма година. Нејзиниот сопруг, Франческо ди Бартоломео ди Жаноби дел Џакондо побарал да ѝ направат портрет. Таа живеела со нејзиниот сопруг и изработувала свила и облека. Имала 5 деца – Пиеро, Андреа, Камила, Џакондо и Мариета.

Според другите претпоставки, лицето на сликата наликува на Катерина Сфорца, војвотка од Форли и немилосрден непријател во воените операции. Друга теорија вели дека младата дама е љубовницата на Џулијано де Медичи, владетелот на Фиренца. Некои пак веруваат дека жената е портретот на мајка му на Леонардо, или пак негов автопортрет, поради сличноста на лицето.

2. Насмевката на Мона Лиза

10 мистерии што ја опкружуваат Мона Лиза, најпознатото дело на Леонардо да Винчи

Заметната насмевка на Мона Лиза е можеби најмистериозното нешто на делото. Пет векови се дебатирало за тоа дали воопшто се смее и дали е среќна или тажна. Со развојот на компјутерските програми за препознавање на емоции, истражувачи од Холандија откриле дека таа е 83% среќна, 9% згрозена, 6% исплашена, 2% гневна и помалку од 1% неутрална и 0% изненадена.

Сепак, повеќето луѓе тврдат дека нејзината насмевка се менува во зависност од тоа каде ја гледате и од кој агол и растојание. Одблизу нејзиниот израз е смирен, додека оддалеку изгледа како да е весела.

3. Тајни кодови

10 мистерии што ја опкружуваат Мона Лиза, најпознатото дело на Леонардо да Винчи

Благодарение на микроскопските фотографии со висока резолуција од сликата, Националниот комитет на Италија за културно наследство открил неколку букви и бројки на платното. Според историчарот на уметност Силвано Винсети во десното око на Мона Лиза се наоѓаат буквите „LV“, што најверојатно се иницијалите на Леонардо. Во левото око нејасно се познаваат латинските букви „CE“ или можеби „В“. На мостот во позадината се гледа бројот „72“ или латинската буква „L“, а веднаш до неа бројот 2.

Никој не знае која била намерата на уметникот кога ги насликал овие букви и бројки видливи за човечкото око.

4. Непознатиот мост

10 мистерии што ја опкружуваат Мона Лиза, најпознатото дело на Леонардо да Винчи

Позадината на Мона Лиза често е занемарена поради нејзиното лице. Но мостот со три лака го поставува прашањето за точната локација на пејзажот. Италијанската историчарка Карла Глори претпоставува дека станува збор за мостот Понте Векио кој се наоѓа во мало село во Северна Италија. Нејзината теорија се совпаѓа со бројот 72 што е сокриен во мостот и наводно укажува на годината 1472. Во оваа година имало катастрофална поплава – реката Требија се излеала од коритото и го уништила мостот.

5. Вознемирувачки поглед

10 мистерии што ја опкружуваат Мона Лиза, најпознатото дело на Леонардо да Винчи

Без разлика каде стоите, Мона Лиза ќе ве гледа во очи. Во нашиот тродимензионален свет, сенките и светлината на површините се менуваат во зависност од нашата гледна точка. Но ова не важи за дводимензионална површина. Оваа оптичка илузија може да биде објаснета со науката и претставува феномен каде што сликата може да изгледа исто без разлика од каде ја гледате. Феноменот наводно не му бил познат на Леонардо, но тој создал неверојатна илузија на длабочина. Токму ова ѝ го дава вознемирувачкиот поглед на Мона Лиза.

Продолжува на следната страница


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар