10 мисли што му поминуваат низ глава на секој маж кога ќе дознае дека ќе стане татко
По дознавањето за бременоста, најчесто се зборува за будењето на мајчиниот инстинкт, но тоа не значи идните татковци остануваат рамнодушни. Иако можеби не го покажуваат тоа, мажите почнуваат да размислуваат за многу работи по дознавањето на веста дека ќе добијат дете. Кај нив се јавува бура на емоции и целосно им се менува погледот кон светот. Во продолжение прочитајте кои се 10-те мисли што му поминуваат низ глава на секој маж кога ќе дознае дека ќе стане татко…
1. „Ќе станам татко!“
На почетокот тие се големи ентузијасти. Веста дека ќе станете родители е многу возбудлива. Мажите се чувствуваат гордо и исполнето. Но, по неколку минути, часови или денови, почетната еуфорија преминува во паника. И потоа повторно се јавува еуфорија, па повторно паника и така цело време. Да се биде родител значи да се живее во постојана комбинација од среќа и анксиозност.
2. „Засекогаш ќе бидам одговорен за друго човечко суштество“
Ова сознание малку растажува. Ова не е исто како да ги чувате децата на вашите роднини или соседи. Никој нема да се појави да го земе детето на крајот од вечерта. Не треба само да го гледате и да внимавате да не му се случи нешто. Тоа би било премногу лесно. Вашата задача е да го воспитувате овој мал човек и да се надевате дека нема да се соочи со истите проблеми, предизвици и предрасуди со кои вие сте морале да се справите во текот на животот.
3. „Ова ќе биде неверојатна авантура“
По првичната еуфорија и соочување со реалноста, мажите почнуваат да си замислуваат како ќе им изгледа животот во иднина. Тие почнуваат да си замислуваат како го учат детето да вози велосипед и како си играат со него. Но, потоа ќе се сетат дека новороденчињата не можат ни да ја подигнат главата, па ќе ја прашаат сопругата колку време треба да помине додека да порасне детето и да може да прави интересни работи.
4. „Толку од забавата во животот“
Повеќето родители ќе ви кажуваат дека е многу тешко да се биде родител и дека постојано ќе бидете физички и емоционално исцрпени. Вие нема да им верувате и постојано ќе се обидувате да водите нормален живот, да се гледате со вашите пријатели и да посветувате време на вашето хоби. Но, на крајот на краиштата, само времето ќе покаже.
5. „Дали ќе се претворам во оние родители кои се опседнати со нивните деца?“
Овој страв е многу реален. Постојат многу родители кои веднаш штом го здогледале нивното дете, мозокот им се преплавил со допамин и тие целосно го изгубиле разумот. Почнуваат постојано да објавуваат фотографии од децата на социјалните мрежи и единствена тема за разговор им е животот на детето. Мажите се прашуваат што им се случило, но и дали истото ќе им се случи и ним.
6. „Како да им кажам на сите?“
Не постои правило кога станува збор за соопштувањето на бременоста. Мажите се прашуваат дали треба да му кажат секому поединечно, само на луѓето кои им се блиски или едноставно да ја објават веста на Фејсбук. Кој е вистинскиот начин?
7. „Дали вака им било и на моите родители?“
Мажите почнуваат да сметаат колку години имале нивните родители кога го добиле првото дете и се прашуваат каков бил нивниот начин на размислување. На идните татковци не им се верува дека нивните родители свесно донеле одлука да имаат дете.
8. „Што ако нешто му се случи на бебето?“
Мажите почнуваат навистина да се грижат и да се плашат за здравјето на бебето и покрај тоа што сѐ уште не го ни почувствувале неговиот прв удар во стомакот.
9. „Што ако моето бебе е за никаде?“
По некое време, мажите почнуваат да размислуваат уште подалеку во иднината и си го замислуваат детето како тинејџер. Што ако е неподносливо? Што ако почне да се дрогира? Што ако е проблематично и постојано се тепа? Како би се справиле со таа ситуација?
10. „Се прашувам за време на кој сексуален однос сме го направиле детето?“
Тие почнуваат да пресметуваат за да го откријат точното време на зачнување. Ги интересира дали тоа се случило додека со часови воделе љубов со саканата или додека имале секс набрзина по пијаната вечера со пријателите. Ова се прашања кои навистина заслужуваат одговор!
Погледнете ги и овие бесценети реакции на татковци кои за прв пат го погледнуваат своето новороденче.